19 Декември, 2025
0.0451

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: МВР подобро ќе ги означи црните точки

Објавено во: Економија 12 Август, 2025 08:37

Добивај вести на Viber

Директорот на Државни патишта Коце Трајановски изјави дека ги детектираат црните точки по патиштата и оти се во координација со МВР за нивно подобро означување. Апелираше и до граѓаните да внимаваат на сообраќајната сигнализација на патиштата.

За експресниот пат Градско-Прилеп каде за неколку месеци од пуштањето во употреба има пет жртви, Трајановски рече дека ќе има нова подобрена сообраќајна сигнализација.

-Тоа е еден од новите патишта што ги пуштивме во текот на изминатава година, сето тоа е направено според законски важечки прописи. Но, со оглед на тоа дека имаше повеќе жртви на овој пат, ние веќе направивме проект и тој е даден во Министерството за транспорт. Очекуваме за многу краток период да биде одобрен од Министерството по што ќе пристапиме кон поставување нова сообраќајна сигнализација за којашто сметаме дека ќе ги намали сообраќајните несреќи со што ќе се намалат шансите за евентуални жртви, рече Трајановски во гостувањето на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Во однос на лошата состојба на скопската обиколница, Трајановски рече дека наредната година се планира нејзина поголема реконструкција.

-Гледаме да ги детектираме сите овие критични точки, и најнапред на нив да реагираме. Кај клучката Хиподром имаше лоша состојба на патот - тоа веќе го решивме, кај хотелот „Белви“ ја решивме, а за обиколницата, којашто е приоритет, правиме проект согласно кој би требало да се направи една малку поголема реконструкција и за тоа правиме проекти. Сметаме дека таму треба да го решиме со кредити. И за тријаголникот Миладиновци-Петровец-Хиподром сме во преговори со Светска банка и други банки. Се надеваме дека следна година ќе почнеме со нивна реконструкција, рече Трајановски.

Посочи и дека во земјава се прават нови патишта, додека старите не се одржуваат, додавајќи дека мора да се одвојуваат повеќе средства од буџетот на ЈПДП и од Владата за одржување на постојните патни правци.

За состојбата на сообраќајните знаци на патиштата и дека има населени места коишто воопшто не се одбележани, рече дека се работи на тој проблем и оти се надева дека следната година ќе се реши. 

Прашан за работата на автопатите, Трајановски рече дека во моментот се работи на три делници од договорот со „Бехтел и Енка“, а тоа е Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани. Потсети дека е пуштен еден дел од делницата од автпатот Кичево-Охрид што го гради кинеската компанија Синохидро и најави дека многу скоро ќе биде пуштен и вториот дел до Охрид.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии