СЕ ЧЕКА ОФИЦИЈАЛНА ОДЛУКА: Атина треба да „пресече“ кога ќе ги отвори границите за Македонците
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2021
Maкедонските власти засега немаат официјална потврда за отворањето на грчката граница и чекаат потврда од јужниот сосед.
Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи очекуваат границата со Грција да биде отворена на 14 мај.
Заев изјави дека министерот за здравство Венко Филипче добил потврда од грчките власти дека се планира границата да биде отворена од 14 мај, со поврда за примена вакцина или со ПЦР тест. Рече дека дека Грција како членка на Европската унија, сепак, остава одредена резерва.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кажа дека засега нема официјална одлука за денот и начинот на отворање на границите со Грција. Македонците една година беа спречени да патуваат во Грција.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.