СЕ ЧЕКА ПРЕСУДА ЗА АФЕРАТА ФАЈЗЕРГЕЈТ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК: Судот на ЕУ за тајните пораки за набавка на вакцините против ковид

Објавено во: Свет 12 Мај, 2025 13:00
Претседателката
на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оваа недела се соочува со еден од
најголемите предизвици во нејзиниот мандат на чело на главното извршно тело на
ЕУ. Судот на правдата на Европската Унија ќе ја донесе својата пресуда во среда
за таканаречениот скандал Фајзергејт, кој произлезе од нејзината размена на
пораки со извршниот директор на фармацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурла,
во пресрет на потпишувањето на огромен договор за набавка на вакцина против
Ковид.
Пресудата би можела да има длабоки последици врз европската политика за транспарентност и јавната доверба во институциите на ЕУ. Не станува збор само за потенцијално кршење на правилата за пристап до документи, туку и за начинот на кој врвот на Европската комисија се однесуваше кон јавната одговорност во време кога се донесуваа историски одлуки што директно влијаеја врз животите на стотици милиони луѓе.
Сè започна кога „Њујорк тајмс“ откри дека фон дер Лајен лично комуницирала со директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, преку СМС-пораки, во периодот пред потпишувањето на најголемиот договор за вакцини во историјата на ЕУ. Договорот, потпишан во мај 2021 година, беше вреден неколку милијарди евра и вклучуваше нарачка за до 1,8 милијарди дози од вакцината „Фајзер-БиоНТек“ за периодот од 2022 до 2023 година.
Можеби ќе ве интересира
КОМАНДАНТОТ НА ИРАНСКАТА ГАРДА МЕЃУ УБИЕНИТЕ - Хосеин Салами беше познат по тврдокорните ставови кон ривалите

ИСТРАГАТА ЗА ПАДОТ НА БОИНГОТ СЕ ВРТИ ОКОЛУ ЕДНО КЛУЧНО ПРАШАЊЕ - најголем дел од патниците најдени врзани на седиште

Израел удри по Иран! Во нападот учествуваа 200 израелски авиони, гаѓаа повеќе локации, погодена најголемата нуклеарна постројка

СЕ ПРОГЛАСУВА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, СЕ ОЧЕКУВААТ НАПАДИ СО РАКЕТИ И БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА: Израел го нападна Иран

УКРАИНА САКА РАКЕТИ ТАУРУС: Дали Германија конечно ќе ги испрати?

(ВИДЕО) ЕДЕН ПАТНИК ЈА ПРЕЖИВЕА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА: Насекаде имало тела, станал и почнал да бега

ПРОНАЈДЕНИ 30 ТЕЛА НА ПАТНИЦИТЕ ВО АВИОНОТ НА ЕР ИНДИЈА - дел од повредените се пренесени во најблиските болници

СЕ УРНА АВИОНОТ ВО ИНДИЈА, ОКОЛУ НЕГО ПОЖАР! Први фотографии од местото на несреќата: Вознемирени луѓе се држат за главите

ВОЈНА СО ГОЛЕМИ РАЗМЕРИ, ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ Е КОГА ИЗРАЕЛ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН: Трамп ќе ја евакуира амбасадата
