02 Мај, 2024
0.0262

Се додека има бура во Европа, на Балканот и во Македонија ќе дува промаја!

Објавено во: Анализа 19 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

По двојната рецесија во 2012 година, групата од шест земји на југоисточна Европа сега кревко закрепнува. Комбинираниот проектиран раст  на БДП  е 1,7% во 2013 година, по намалувањето од 0,6 % во 2012 година. Сепак закрепнувањето на земјите од ЈИЕ, се уште е несигурно. Во некои земји нефунцкионалните кредити, слабото кредитирање, продолженото раздолжување и фискалната консолидација вршат повлекување, а дополнително, закрепнувањето на овие земји нема да се забрза се додека еврозоната е во рецесија, се вели во Редовниот економски извештај на Светската Банка за земјите од регионот. И покрај најавата за заздравување на економиите во регионот, сепак тоа е недоволно за намалување на високата стапка на сиромаштија и невработеност. Една од главните грижи е дека економиите во шесте земји од ЈИЕ, се зафатени од висока невработеност. Просекот за регионот беше 22,8% во четвртиот квартал во 2012 година. Невработеноста кај младите е  особено застаршувачка. Во БИХ, невработеноста кај младите изнесува 57,9%, во Македонија изнесува 53%,  додека во Србија 51,2%, во Црна Гора 43,7%,  а во Албанија 23,6%. „ Земјите не креираат работни места доволно брзо за да ги прифатат новите учесници во работната сила“, посочуваат во извештајот од Светска Банка. Всушност, состојбата со работните места е полоша од тоа што бројките на невработеност го кажуваат, бидејќи многумина заминуваат од регионот за да работат на друго место, се вели во извептајот. Според податоците Македонија на крајот на 2012 година имала највисока стапка на невработеност којја изнесува 31,2%, потоа следува БИХ со 27,6%, Србија со 25,5%, во Црна Гора во 2012 била измерана стапка на невработеност од 20%, а во Албанија 15%. За Косово нема податоци за 2012 година, а во 2009 година стапката на невработеност изнесувала 45,4%. Сиромаштија Се проценува дека 33% од луѓето односно 6 милиони луѓе, во шесте земји од ЈИЕ живеат во сиромаштија, а 8% односно 1,4 милиони луѓе, живеат во екстремна сиромаштија. Рецесијата доведе до зголемување на умерената сиромаштија која во земјите од регионот од 22% се искачи на 26%, додека во истовреме умерената сиромаштија во земјите од ЕУ11 се намалуваше.  Со тоа стапките на сиромаштија во земјите од ЈИЕ6 на национално ниво се многу повисоки отколку во ЕУ11. Екстремната сиромаштија се дефинира како живот со помалку од 2,5 долари на ден, додека сиромаштија е живот со помалку од 5 долари на ден. Странски директни инвестиции Странските директни инвестиции кои се важни за финансирањето, инвестициите, извозот и растот во ЈИЕ6, заблежително се намалија во 2012 година за 45,6%, но постои надеж за нивно закрепнувањегодинава. Намалувањето беше поголеми во првата половина од минатата година во сите земји освен во Албанија. Во текот на целата година СДИ се забавија во Албанија, а се намалија во Македонија, Косово и Србија, главно како резултат на негативното влијание на кризата во Еврозоната, високата база од 2011 година во Србија и Македонија, и значителниот одлив во Македонија и Србија. Меѓутоа во почетокот на годинава има охрабрувачки знаци.  СДИ во Црна Гора се обновија во втората половина од 2012 година со перспектива за понатамошен раст годинава. Исто така приватизацијата на телекомуникациската компанија во Косово, во април 2013 година и влезот на пазарот на Туркие Иш Банкаси ги подобри перспективите за СДИ на Косово. Во Србија, подоброто политичко опкружување и неодамнешниот напредок кон пристапувањето во ЕУ по политичкиот договор со Косово ги подобри перспективите за СДИ во 2013 година. Меѓутоа странските директни инвестиции во Албанија и БИХ се очекува да останат на исто ниво. Надворешен долг Минатата година, вкупниот надворешен долг на ЈИЕ6 се зголеми за 7 процентни поени од БДП, бидејќи владите позајмуваа за да ги надоместат се помалите приходи и слабите финансии.По намалувањето на 62,6% од БДП во 2011 година од нивниот врв од 65,5% во 2010 година, просечниот надворешен долг на ЈИЕ6 во 2012 година повторно постигна нов рекорд  со 69,9% Србија најмногу го зголеми својот надворешен долг преку издавање на обврзница од 1,75 милијарди УСД во 2012 година, доведувајќи го нивото на досепани обврзници на 2,7 милијарди УСД. Меѓутоа најголемо зголемување на надворешниот долг имаше  Косово поради повлекување на Стенд бај аранжманот со ММФ, но сепак вкупниот надворешен долг на Косово се уште е многу скромен со 8,5% од БДП. Црна Гора и Србија имаат највисок јавен и приватен надворешен долг, многу над регионалниот просек. Јавен долг и краткорочни ризици Јавниот долг во сите земји од ЈИЕ6 се зголемуваше во последните неколку години.Во просег, долгот на генералната влада (не вклучувајќи ги гаранциите и записите на централните банки ) се зголеми од 37% од БДП на крајот на 2011 година на 42% на крајот на 2012 година. Зголемувањето во Србија беше за околу 12,5 процентни поени, односно од 39,7 % на 52,2% од БДП (не вклучувајќи ги гаранциите и бидејќи со нив, бруто јавмиот долг на Србија во 2012 година е над 60% од БДП). Исто така во Албанија се смени законот со што се дозволи пробивање на палфонот на задолжувања од 60% од БДП. Долгот гарантиран од државата се уште расте. Гарантираниот долг е над 11% од БДП во Црна Гора и над 8% во Србија, додека гаранциите во Албанија и Македонија остануваат под 5%, но сите бавно се доближуваат до тој праг. Неодамна Косово издаде гаранција на Компанијата за пренос на струја КОСТТ, но неговите гаранции се помалку од 0,2 % од БДП. Гаранциите во БИХ се околу 0,8% од БДП. Краткорочниот долг, особено во домашна валута почна доминира во некои земји. Иако на крајот на 2012 годинадве третини од долгот во Македонија изразен во домашна валута досепеваше до крајот на 2013 година, во првата половина на 2013 година, властите успејаа да го продолжат рокот на доспевање преку драстично намалување на тримесечните благајнички записи и зголемување на 6 месечните и 12 месечните благајнички записи и издавање на нови 3 и 5 годинишни обрзници. Бавен кредитен раст Кредитниот раст во регионот во последната година беше стагнантен или во надолна линија. Во Албанија, Косово, Македонија и Србија кредитниот раст беше побавен од претходните години. Кредитниот раст во БИХ беше слаб, а во Црна Гора и покрај некои подобрувања се уште беше негативен. Ниската побарувачка за кредити ја отсликуваше замрената економска активност на бизнисите и на приватниот сектор поради кризата.Исто така домаќинставата и компаниите кои позајмуваа повеќе во перидот на просперитет сега се обидуваат да ја намалат задолженоста на одржливо ниво. Исто така и развојот на каматната стапка покажува дека е намалена побарувачката за кредити. Каматните стапки во земјите од ЈИЕ6 опаднаа во последната година. Втор бран на нефункционални кредити Нивото на нефункционални кредити, по краткотрочното стабилизирање, почна да се зголемува особено во втората половина на 2012 година. Најтешко погодени се Албанија и БИХ. Нивото на нефункционални кредити во овие земји во моментов ја достигнува својата највисока вредност од почетокот на кризата. Македонија и Косово исто така се соочија со втор бран на зголемување на нивото на нефункционални кредити, иако ова зголемување е помалку интензивно и сегашните нивоа на нефункционални кредити се нешто под најголемите вредности. Во Црна Гора, и покрај значителното намалување од најголемите вредности, поради големата продажба на средства на компании за факторинг сепак нивото на нефункционални кредити се уште е на второ највисоко ниво во регионот и прдолжува да се зголемува Банките погодени Во просек банките во регионот излегоа од кризата многу помалку профитабилни од претходно и во сите земји од ЈИЕ6 нивната профитабилност се намали за повеќе од половината. Повратот на капитал се намали од 10,6% во просек во 2006- 2008 година до 0,7% во 2009-2012 година. Особено погодена беше Црна Гора, каде во периодот 2006-2008 година повратот на капитал изнесувал 5,1% а во периодот на 2009-2012 година е во минус 18,4%. Во Македонија повратот на капитал во периодот 2006-2008 година изнесувал 14%, а во периодот 2009-2012 година се симнал на 2,9%. Во Албанија од 18,4% се симнал на 4,2%, во Србија повратот на капитал во 2006-2008 година изнесувал 10,5 %, а во 2009-2012 година изнесувал 6,2%. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад