СЕ ДОЗНА КОЈ Е КУПУВАЧОТ НА БЛИЗУ 23 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА ЗК „ПЕЛАГОНИЈА“ БИТОЛА - еве кој е новиот акционер на битолскиот комбинат
Објавено во: Економија 23 Септември, 2024
Орка Холдинг е купувачот на 22,69 отсто од акциите на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, кои минатата недела преку блок трансакција ги продаде компанијата „Софија градба“.
Тоа може да се види од состојбата на Централниот депозитар за хартии од вредност, каде акционерот „Софија градба“, кој поседуваше 22,69 отсто од акциите, веќе го нема на листата на акционери кои поседуваат над 5 проценти од капиталот, додека, пак, на негово место е компанијата „Орка холдинг“, која сега е нов акционер и поседува точно 22,69 отсто од акциите на комбинатот.
Инаку, компанијата „Софија градба“ е компанија која е поврзана со „Орка холдинг“, и засега не може да се препознаат мотивите на оваа блок трансакцијса.
А, како што веќе пишуваше Фактор, пред околу една недела на Берзата се случи голема блок грансакција на 1,74 милиони евра, односно се продаде значајна количина на акции на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, и тоа 46.046 акции, по цена од 2.309 денари за акција.
Тогаш пишувавме дека ако се погледне вкупниот број акции издадени од ЗК Пелагонија Битола, излегува дека поминал пакет кој опфаќа 22,69 проценти од капиталот на овој земјоделски комбинат.
Тогаш не се знаеше кол ги продал а кој ги купил акциите, но денеска, бидејќи е понеделник, Централниот депозитар за хартии од вредност ги ревидираше сопственичките структури на компаниите, па се гледа кој всушност акционер исчерзнал, а кој е нов акционер во компанијата.
А, да видиме кои се, покрај порано Софија Градба, а сега Орка Холдинг, другите акционери на ЗК Пелагонија Битола.
Втор по големина акционерво ЗК Пелагонија Битола е Златко Пирузе, кој има во своја сопственост 17,55 проценти, а по него следува Цветан Панделевски, кој располага со 14,59 отсто од акциите.
Друштвото Нова Агро инвест ДООЕЛ поседува 9,86 отсто од капиталот, а Дејан Панделески има 5,2 отсто од капиталот на оваа компанија.
Акции во ЗК Пелагонија Битола има и Снежана Георгиева, и тоа 5,19 проценти.
Инаку, цената по која биле продадени акциите во петокот е 2.319 денари, што е многу пониска цена од онаа по која со акциите на оваа компанија се тргува на редовниот пазар, а таа токму во петокот изнесувала 3.600 денари по акција.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.