Се е договорено за првиот турист да летне на Месечината
Објавено во: Стил 18 Септември, 2018 11:58
Милијардерот од Јапонија, Јусуке Маезава, кој се збогати со продажбата на онлајн облека и колекции на современа уметност, ќе биде првиот турист околу вселенскиот спејс шатл Space Ex, а со себе ќе води и група уметници.
Патувањето е планирано околу 2023 година, изјави основачот на компанијата Илон Маск
"Ќе контактирам од шест до осум уметници од целиот свет за да ми се придружат во мисијата околу месечината во 2023 година", рече Маезава (42), додавајќи дека патот за уметниците ќе биде платен од негова сметка.
Тоа ќе бидат првите луѓе на патот околу Месечината од крајот на мисијата Аполо во 1972 година. Засега, само 24 Американци го направиле тоа, од кои 12 одеа на површината на месечината.
Маезава рече дека платил билет за идната ракета BFR која може да превезува околу 100 луѓе. Јапонскиот милијардер не ја откри цената на билетите.
Компанијата моментално ја гради ракетата и Маск рече дека милијардерот веќе направил голем финансиски придонес за таа изградба, проценета на неколку милијарди долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





