19 Декември, 2025
0.0635

Се формира нова државна видео лотарија, косопственик е австриски ХТЛ

Објавено во: Економија 07 Април, 2023 07:55

Добивај вести на Viber

АД Државна лотарија на Република Северна Македонија вчера регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ, дознава „Фактор“. „ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен.

Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија - Ново ВЛТ Доо Скопје и според името може да се заклучи дека дејноста ќе се концентрира на ВЛТ апарати. 

Во моментов не е познато како се распоредени уделите, бидејќи станува збор за друштво со ограничена одговорност, а според регистрацијата може да се види дека вкупната основна главнина е 10 милиони евра и дека друштвото е регистрирано на адресата на седиштето на ХТЛ Македонија.

АД Државна лотарија на РСМ веќе е косопственик на една компанија заедно со партнер од Австрија.  Државната видео лотарија на Македонија е во сопственост на  Државната Лотарија на Македонија и на Касинос Аустриа Интернационал Македонија. Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Аустриа ДОО Скопје(ДВЛМ) е трговско друштво со ограничена одговорност за приредување игри на среќа.

За управител на Нова државна видео лотарија - Ново ВЛТ е назначен Ванчо Зунзуровски. Членови на Надзорниот одбор се Перпарим Бајрами, Артин Спахију, Сашо Богдановски, Ленче Петреска и Омер Буњаку.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии