19 Декември, 2025
0.0471

СЕ ЈАВИ СЗО, ИМА НОВ СОЈ НА КОРОНА НАЈЗАРАЗЕН ОД СИТЕ ДОСЕГА: „Кракен“ се шири низ Европа

Објавено во: Свет 05 Јануари, 2023 10:02

Добивај вести на Viber

Новиот вид на корона „Кракен“ е позаразен од сите досега, предупредува Светската здравствена организација.

Подваријантата на корона вирус XBB.1.5. ја загрижи Светската здравствена организација, која го нарече најзаразната подваријанта на Ковид што некогаш била откриена. Вирус XBB.1.5. експертите го нарекуваат и „Кракен“, по легендарното морско чудовиште, џиновски октопод кој влечеше бродови до дното и убиваше морнари.

Тоа е подваријанта на омикронскиот вид на корона вирусот, кој веќе ја зафаќа Америка, а „Кракен“ брзо се прошири и во Европа, но првите информации укажуваат дека предизвикува блага клиничка слика, како и омикрон.

„Загрижени сме поради брзината на ширење на оваа подваријанта во Америка и одредени европски земји. Тоа е екстремно заразен вид и колку повеќе можности има вирусот да се шири, толку повеќе можности ќе има за промени и мутации“, рече д-р Марија ван Керхов од СЗО.

„Кракен“ е откриен во Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Ирска, Австралија, Сингапур, Индија... На протеините на шилецот има 14 нови мутации, што значи дека полесно ги инфицира и луѓето кои веќе имаат имунитет од корона, било преку вакцинација или претходна болест. Тоа ги прави поподложни на инфекција, но не и на сериозна клиничка слика.


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела