26 Април, 2024
0.0282

Се јави уште едно ново бугарско здружение од Македонија: Загрижува отпорот кон предлозите на Љубчо Георгиевски

Објавено во: Македонија 03 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Уште едно ново бугарско здружение со седиште во Македонија, за кое се верува дека со поддршка на патриотската коалиција ВМРО-БНД, е финансирано од Бугарија, се огласи по повод најновите предлози на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, а тоа што не добил поддршка од јавноста го оценуваат како разочарување.

Станува збор за „Бугарското здружение на родовите од Македонија“, кое се декларира како патриотска организација што „обединува потомци на кланови на истакнати македонски писатели и револуционери како Кузман Шапкарев, Борис Дрангов, Мише Развигоров, Тодор Александров и многу други“

„Со загриженост ги следиме најновите јавни коментари во братската Република Северна Македонија на конструктивните идеи и предлози на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за надминување на историските и политичките недоразбирања меѓу нашите две земји. 

Бројните манифестации во медиумскиот простор на јавни и политички фигури од различен калибар и со различни улоги и функции во голема мера наликуваат на јавниот линч на кој беше подложен проф. Денко Малески во пролетта 2020 година. Со горчина забележуваме дека секој обид за приближување меѓу двата блиски соседи, со враќање на нашата вистинска историја, наидува на жесток отпор од влијателните структури во Северна Македонија. Ова е продолжение на методите на Студената војна за третирање на општеството со непријателски дух настроен кон Бугарија. За жал, како резултат на тоа, главните политички сили во републиката со своите активности создаваат тензија, поделба и нестабилност“, се наведува во соопштението на здружението испратено до бугарските медиуми.

Од таму додаваат дека „нескротливите јавни и политички реакции против разбирањето меѓу двете земји покажува дека во Вардарска Македонија продолжуваат да постојат моќни фактори, кои се спротивставуваат на интеграцијата на земјата и целиот регион во Европската унија“

„Загрижено забележуваме дека со подигање на агресивни и лажни историски тврдења, тие се обидуваат да создадат тензија и нестабилност во овој  дел од Европа и трајно да го попречат европскиот пат на Република Северна Македонија

Бугарското здружение на родовите пд Македонија ќе се спротивстави на јазикот на поделба и омраза и ќе работи на зачувување на сродството што постои меѓу граѓаните на Бугарија и Северна Македонија“ се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот