СЕ ЈАВИЈА ДВЕ ЗЕМЈИ: Ќе го отплатат долгот на Сирија
Објавено во: Свет 27 Април, 2025 19:57
Саудиска Арабија и Катар ќе го отплатат долгот на Сирија кон Светската банка.
Тие денеска соопштија дека ќе го отплатат долгот што изнесува околу 15 милиони долари. Велат дека оваа обврска ќе го отвори патот за продолжување на поддршката и операциите на Светската банка во Сирија, по прекин од повеќе од 14 години. Најавата за отплата на долгот следи неколку дена откако гувернерот на сириската Централна банка и сирискиот министер за финансии учествуваа на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.
„Тоа ќе ѝ обезбеди на Сирија и пристап до краткорочна финансиска поддршка за развој на критичните сектори“, се наведува во заедничкото соопштението.
Светската банка ја прекина соработката со Сирија на почетокот на конфликтот. Сириските власти се надеваат дека богатите држави од Персиски Залив ќе помогнат во обнова на земјата.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




