19 Мај, 2024
0.0335

Се крати од наградите за Мој ДДВ, Моја награда: Ќе има ли уште еден добитник на три милиони денари

Објавено во: Економија 23 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Над 71 илјада евра, пари кои биле наменети за наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, МојаНаграда“ ќе бидат уплатени во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19. Ова е одлука која Владата ја донесе на вчерашната седница. Нема детали кои награди ќе се доделуваат, а кои ќе се намалат со оглед на тоа што беа предвидени 12 месечни извлекувања на кои 15 добитници добиваат по 100.000 денари, додека имаше предвидено и две главни награди кои вредат по три милиони денари. Едната главна награда е веќе извлечена, требаше да има уште една до крајот на годината. Инаку и месечните извлекувања требаше да бидат до крај на годината. 

Според новата одлука на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ ќе му с епрепорача средствата во износ од 4.383.410 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на Владата наменета за донации од правни и физички лица за справување со КОВИД-19 епидемијата.

Во наградната игра учествуваат сите кои скенираат фискални сметки. Во еден наврат министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека не е планирано да се укине повратот на ДДВ и порача граѓаните да продолжат да скенираат сметки. Наградната игра беше одвоен дел од оваа акција.


Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија