19 Декември, 2025
0.0608

Се крчка ли техничка Влада?

Објавено во: Економија 19 Мај, 2016 08:12

Добивај вести на Viber

Бурниот ден (среда 18.05.2016 година) на политичката сцена го навести Уставниот суд, донесе времената мерка со која ги запре сите дејства што произлегуваат од Одлуката за распуштање на Собранието. Дали со оваа одлука политичката криза се продлабочи или пак на повидок е ново решение кое ќе ја извади Македонија од апсурдната состојба. Пратениците се вратија во Собранието. Избори на 5 јуни нема да има. Со 96 гласови „за“ и ниту еден воздржан и против, Собранието едногласно ги усвои измените на Изборниот законик со кои се предвидува бришење на датумот за одржување предвремени парламентарни избори. Констатирани оставките на министрите и дополнителните заменици министри на СДСМ Министрите од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски веќе не се на челните позиции во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика. Собранието вчера ги констатираше нивните оставки, а нивните заменици Митко Чавков и Диме Спасов се вратија на функциите. Нивните заклетви пратениците од СДСМ ги исвиркаа, по што со негодување ја напуштија седницата. Инаку, Спасовски и Ременски своите оставки ги поднесоа и пред распуштањето на Собранието, но нивното констатирање не беше ставено на дневен ред на седницата. Се крчка ли нова техничка Влада? Дека четирите политички партии преговараат како да ја извадат Македонија од политичката криза, не е тајна. Аналитичарите толкуваат дека е неверојатно да се очекува дека оваа старо-нова Влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ е излезот од состојбата. Иако нема никаква потврда, сепак за политичките аналитичари, останувањето на опозицијата во Парламентот, не толку жестоките нивни настапи во Собранието само ги засилуваат сомнежите дека сепак зад јавната сцена нешто се преговара. (Не)официјално договор помеѓу четирите политички партии нема. Но, доброупатени партиски извори, за „Фактор“ велат дека нема да бидат изненадени доколку за две недели се изгласа нова широка влада. Наводно, според информациите едно од барањата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски била министерството за внатрешни работи да биде дадено на нивната партија, како еден вид условна гаранција дека нема да бидат апсени од евентуалните акции на СЈО, а за возврат би се согласиле со поништување на одлуката за аболиција. Непотврдените информации на „Фактор“ говорат дека во преговорите за широка Влада, камен на сопнување било токму МВР, така што не е исклучена можноста вo евентуалната широка Влада, министерската позиција на МВР да биде доделена на непартиски кадар или на лице кое би го предлoжил меѓународниот фактор. Ако има широка Влада, место во неа ќе бараат и помалите партии, но и невладините Доколку се случи широка Влада, тогаш во нејзе место би барале и помалите парламентарни партии, но и невладите организации. Впрочем, едно од барањата на граѓанското движење „Протестирам“ е задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата. Се повлекува и аболицијата Координаторите на пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, вчера попладне во Собранието поднесоа измени и дополнувања на шест закони, потврди, Талат Џафери. Според информациите,  опфатени се законот за општа и управна постапка, законот за управни спорови, законот за помилување, законот за заштита на приватноста, потоа законот за изменување на изборниот законик, како и законот за заштита на личните податоци. Првите два закони се поврзани зголемување на ефикасноста во управните постапки на државната изборна комисија, третиот е закон кој претходно беше најавен и од ДУИ и од ВМРО ДПМНЕ, а со него на претседателот на државата му се дава можност да изврши поништување на одредено помилување или да ја повлече целосно аболицијата, четвртиот е всушност одложување на примената на законот за заштита на приватноста, попознат како за бомбите. Поточно се одложува неговата примена до први јули 2017 година, а дотогаш оваа проблематика ќе биде опфатена во рамки на кривичниот законик. Столтенберг: Да се повлече аболицијата Генералниот секретар на Нато денеска ја предупреди Македонија да не дозволи политичката криза да ги уништи нејзините надежи за приклучување кон воената алијанса. Столтенберг бара повлекување на амнестијата во првата јавна изјава во врска со политичката криза во Македонија. Тој го го повика претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече амнестијата за повеќе од 50 политичари вмешани во скандалот со прислушкувањето. „Вратата во нато е сѐ уште отворена, но од суштинско значење е лидерите на земјата да ги решат проблемите со владеењето на правото, вклучително и повлекување на претседателската амнестија“, изјави Столтенберг на прес-конференција. Засилен меѓународен притисок Средбите на високиот американски дипломат Хојт Ји кои инаку се оценуваат како дипломатски притисок за решавање на политичката криза се водеа практично во времето кога беше закажана и собраниската седница, и разрешувањето на опозициските министри. Ји имаше средби со лидерите на четирите политички партии. за денес од американската амбасада најавија дека високиоит американски дипломат Хојт Ји ќе даде изјава. Од германската амбасада пак, потврдија дека во текот на денешниот ден во дводневна посета пристигнува и специјалниот претставник Јоханес Хајндл што е втора негова посета за една недела. И.М

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии