Се кршат копјата, продолжуваат преговорите за европскиот буџет
Објавено во: Свет 08 Февруари, 2013 10:15
„Европските лидери се многу близу до договор за основните рамки на буџетот на Унијата за периодот 2014-2020 година, со расходи од 960 милијарди евра за седумгодишниот период“, наведуваат западните медиуми врз основа на информациите од извор близок со преговорите.
Според ваквите тврдења, Велика Британија издејствувала дополнителни намалувања на административните расходи на Европската унија.
Инаку и денеска лидерите на ЕУ продолжуваат со преговорите за буџетот, но по повеќе од 14 часа се уште нема договор во Брисел, јави ДПА.„Ситуацијата се уште изгледа особено тешка. За првпат постои можност за реално намалување на буџетот. Досега тоа се нема случено,“ изјави претседателката на Литванија Далија Грибаускаите, која беше еврокомесар за буџетот од 2004 до 2009 година.
Велика Британија, Германија и други земји од Северна Европа повикуваат буџетот на ЕУ да биде намален поради строгите мерки за штедење, кои се наметнуваат во националните финансии. Земјите од Јужна и Источна Европа сепак се противат на намалувањата, бидејќи стравуваат дека нивните сиромашни региони ќе загубат значителна финансиска помош од ЕУ, додавајќи дека буџетските намалувања негативно ќе влијаат на економскиот раст.
Можеби ќе ве интересира
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација




