Добивај вести на Viber
Индексот на цените на мало во мај оваа година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.4, што е намалување за 0,6 отсто, а индексот на трошоците на животот 99.8 или намалување за 0,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Намалување на трошоците на животот од 0,2 отсто во мај оваа година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на безалкохолните пијалаци за 5,8 отсто, зеленчукот за 2,7 отсто, јајцата за 2,5 отсто, преработките од зеленчук за 1,4 отсто, мастите за 1,1 отсто и рибата за 0,3 отсто.
Во мај, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива и гасот за домаќинствата и нафтените деривати за 4,7 отсто, авионскиот превоз на патници за 1,2 отсто и електричните апарати за домаќинствата за 0,4 отсто.
Пораст на индексот на трошоците на животот во мај оваа година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај овошјето за 6,4 отсто, преработките од месо за 1,1 отсто, алкохолните пијалаци за 0,9 отсто и преработките од млеко за 0,6 отсто.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај обувките за 2,3 отсто, средствата за хигиена и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,7 отсто, лековите за 0,5 отсто и храната во рестораните и хотелите за 0,4 отсто.
Индексот на цените на мало во мај оваа година година, во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 0,9 отсто, а
индексот на трошоците на животот бележи пораст од 3,4 отсто.