19 Декември, 2025
0.0593

Се нудат добри плати, Македонци веќе работат како доставувачи на храна во Белград

Објавено во: Економија 30 Март, 2022 07:22

Добивај вести на Viber

Македонци од Скопје и Куманово веќе работат како доставувачи на храна во српската престолнина Белград.

Оглас за овој вид работа има во повеќето македонски градови. Огласите се истакнати на јавни места, на автобуски постојки, онаму каде има голема фреквенција на луѓе. Во огласот стои дека нудат плата од 800 евра, плус бонуси, обезбедено е сместување и возило за работа, а кандидатот треба да има завршено средно образование, да поседува возачка дозвола Б категорија, да биде одговорен и организиран.

„Се јавуваат луѓе, има доста заинтересирани. Може да се вработат и жени, но важно е да поседуваат возачка дозвола. Претежно се јавуваат кандидати на возраст од 30, 40 до 50 години. Добро е ако имаат претходно искуство, но многу е важно и да бидат снаодливи, затоа што сепак  станува збор за работа во голем град. Освен 800 евра, има можност за бонуси и за дополнителна заработка“, вели посредникот од Скопје кој ги поврзува заинтересираните за работа со фирмата во Белград.

Пред неколку месеци се нудеше работа во Загреб, исто така за доставувачи на храна, со идентични услови и висина на плата. И за оваа работа беа истакнати огласи низ градовите.

Инаку, во Србија примањата растат и тие одамна ја надминаа Македонија со висината на просечната плата.

Во јануари годинава просечната нето плата во Србија изнесувала 70.920 динари. Курсот на динарот во однос на еврото постојано се менува, но сепак тоа значи дека Србите заработуваат околу 600 евра.  Во Македонија во јануари 2022 година просечната нето плата изнесувала  29.980 денари, односно околу 500 евра. Во септември 2020 година, српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека претходно Србија според платите во регионот го делела третото место со Македонија, а Црна Гора и БиХ биле пред нив, но ситуацијата се смени. Тој се пофали дека од Црна Гора имаат подобра економска состојба. Македонски градежници исто така работат во Србија. Проектот „Отворен Балкан“ кој го договорија Македонија, Србија и Албанија исто така ќе овозможи проток на работа сила во овие земји.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии