Се обидоа да ми го згазат достоинството: Искрено интервју со Цветанка Ласкова
Објавено во: Стил, Интервјуа 13 Февруари, 2020 06:47
Како посебен советник за култура многу е задоволна што во краток период културата од буквално заробена и исклучива - стана слободна и европска култура. Како бизнисменка, ужасно е разочарана во судството од искуството со нејзиниот случај.
Вели, одреден круг на лоши луѓе, се обиделе да ја дискредитираат и што е најлошото од сѐ- посегнале по нејзиното семејство. Преживува благодарение на нејзиниот силен дух, животно искуство и концентрирајќи се на работите кои ѝ се најважни во животот.
Цветанка Ласкова, и сега, по 47 години професионална кариера како естраден уметник, бизнисменка и сега активно вклучена во политиката ( девет години беше на чело на форумот на жени на СДСМ и три години е посебен советник за култура во Владата на премиерот Зоран Заев), не ги менува работните навики, стилот на облекување, фризурата и пријателите. Дури над дваесет години е верна на истиот парфем „опиум“ на Ив Сен-Лоран. Вели, тајната на нејзиниот дамски изглед се должи на менталната хигиена, а не како резултат на козметички ритуали.
Во ексклузивното интервју за „Женски магазин“ кое може да го прочитате тука откри и уште дали жените го добиваат местото во политиката што го заслужуваат, дали и недостасува музиката и со кого се дружи приватно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





