27 Ноември, 2024
0.0300

Се очекува нов Закон за електронски комуникации

Објавено во: Економија 28 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија сака да направи нова легислатива во областа на телекомуникациите во која покрај европските ќе бидат имплементирани и американските искуства, најави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешниот состанок посветен на подготовката на новиот Закон за електронски комуникации.

На состанокот беа презентирани шесте нови директиви на Европската унија за областа на електронските комуникации пред телекомуникациските оператори кои треба да бидат пресликани во нашето национално законодавство. До средината на април треба да биде готов предлог текстот на новиот закон, а потоа да се организира и јавна дебата.

- Фокусирани сме на поглавјето иновативност каде ќе им овозможиме на телекомуникациските оператори доколку инвестираат во иновативни решенија во образованието, здравството, земјоделството и генерално во економијата да можат  на некој  начин да бидат субвенционирани и за изградба на мрежи  во руралната средина, рече Ивановски.

Европската унија, појасни, во 2009 година донесе нов сет на директиви кои треба да се пресликаат во законодавствата на земјите членки на ЕУ и кандидати за членство.

- Со нивната имплементација ќе се подобри пазарот во Македонија, ќе има поголема конкурентност и заштита на корисниците, како и поголема заштита на децата од злоупотреба на интернет. Воедно ќе има и подобар телекомуникациски сектор со тоа што подобро ќе се регулира спектарот на кој што ќе се делува и ќе се овозможи делење на мрежата, изјави министерот Ивановски по состанокот.

Нагласи дека доколку некој оператор инвестира во изградба на инфраструктира ќе може да ја сподели со останатите оператори.

- Тоа значи дека дел од операторите ќе може да инвестираат и да имаат потоа подобар бизнис модел со кој ќе можат да ги вратат инвестициите, рече Ивановски и додаде дека ќе има дополнителна дискусија дали коситењето на мрежите ќе биде по регулирани или пазарни цени догворени меѓу операторите.

Иднината, додаде, е во 4G технологијата која ќе има најголем проток на податоци до 2017 година. - Се надевме дека за брзо време ќе имаме инвеститор во Македонија кој ќе ја воведе, бидејќи веднаш по изборите Агенцијата за електронски комуникации ќе го распише повикот за воведување на 4G технологијата, посочи Ивановски.

Целта на ЕУ, предочи, е 40 проценти од домаќинствата во секоја од земјите членки да имаат конекција на широкопојасен интернет, а 50 проценти од граѓаните да користат интернет. Тоа веќе е исполнето во Македонија.

- Според последниот извештај на Државниот завод за статистика во Мекедонија 58,3 проценти од домаќинствата имаат конекција на широкопојасен интеренет, а дури 57,5 проценти од граѓаните го користат, рече Ивановски.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката