Се одбележуваат 30 години македонска самостојност – концерт на пијанистката Трајческа „Балканска синтеза“
Објавено во: Стил 01 Јули, 2021 12:42
Македонската пијанистка Јасмина Трајческа ќе одржи уште еден концерт на 5 јули, „Балканска синтеза“, по повод одбележување 30 години самостојност на нашата држава и 20 години јубилеј концертна дејност на носителот на проектот.
На програмата ќе бидат изведени делата на македонската композиторка Билјана Бојовиќ, виолончелист и композитор „Сеуште тука“, „Три балкански танци“, и „Циклус дела за пијано“, како и делото на Џорџ Гершвин „Рапсодија во сино“ оригинален и единствен аранжман за пијано напишан од Гершвин.
Концертите ќе бидат со траење од 120 минути, ќе бидат поканети Претседателот на Државата Стево Пендаровски, градоначалниците на Општина Гевгелија и Општина Битола, димпломатскиот кор во Битола, гости, пријатели и поранешни и сегашни ученици во класата на Трајчевска по пијано, и ќе земат учество со отсвирена композиција на самиот концерт.
Овој концерт е по само неколку дена откако пијанистката Трајческа одржа концерт во домот на културата Гевгелија, на 28 јуни, Балканска рапсодија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





