14 Декември, 2025
0.2096

Се оддржа светска конференција за какаото

Објавено во: Свет 21 Ноември, 2012 09:25

Добивај вести на Viber

Во Абиџан во вторникот на првата светска конференција се собраа врвните произведувачи и преработувачи на какаото. Повод за коференцијата бил развојот на оваа гранка наспроти природните катастрофи кои ги уништуваат плантажите. -Предизвикот на индустријата на какао е растот на потрошувачката", изјавил Алесан Уатара, претседателот на Брегот на слоновата коска, отворајќи го собирот кој привлекол повеќе од 1.200 учесници, меѓу кои се одгледувачи но и трговци и производители на чоколада. Меѓународната организација за какао со седишта во Лондон и во Брегот на слоновата коска која што е првиот светски производител, предупреди на можен дефицит во понудата на какаото следните години, што може да го поттикне растот на цените. Побарувачката на чоколада е постојана во Европа и во Северна Америка каде и потрошувачката е најголема, меѓутоа забрзано расте и во новите светски силни економии предводени од Бразил Индија и Кина. -Доколку не преземеме мерки, за неколку години чоколадата ќе стане луксузен производ, и ќе предизвика пад на секторот кој би можел да погоди неколку генерации" изјави извршниот директор на ICCO. Жан-Марк Анга. Оттаму, учесниците на оваа средба треба да се договорат како да го подобрат производството и квалитетот на растението какао, бидејќи производителите и покрај светската глад за чоколадата, живеат во сиромаштија, се свртуваат кон поисплатливи култури, на пример маслото од палма. Поради тоа, Брегот на слоновата коска кој со 35.6 отсто учествува во светското производство на какаото година воведе загарантирани цени. Цела Африка, инаку, дава 70,3 отсто целото светско производство, пред Јужна Америка со 15,4 отсто. На одгледувањето на какаото му штетата силниот и сув ветер од Сахара, поради кој приносите се намалени за 8,1 отсто во 2012 година во однос на сезоната 2010/2011. Поради тоа, цените на какаото се зголемија за 40 отсто на берзите во Лондон и во Њујорк, двата главни финансиски пазари на коишто се одредува неговата цена

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск