29 Март, 2024
0.0246

СЕ ОДЛУЧУВА ЗА СУДБИНАТА НА ЕВРОПА: Ердоган оди во Брисел, ќе има ли пресврт во мигрантската криза?

Објавено во: Балкан 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Веќе со денови траат судирите на мигрантите и грчката полиција, а сега грчката влада ја обвинува турската војска дека ја отстранува оградата од границата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес треба да отпатува во Брисел за да разговара за новата мигрантска криза на турско-грчката граница, додека грчкиот премиер предупредува дека договорот помеѓу Европа и Турција е мртов.

Посетата на Ердоган се случува во време на спор меѓу Турција и ЕУ , а посебно Грција, околу неодамнешниот нов бран на мигранти на турските граници со ЕУ.

Турскиот претседател рекол дека Турција не добила помош ни поддршка која ја очекувала од меѓународната заедница кога се работи за бегалците.

*ЕРДОГАН ЈА ПРОВОЦИРА ГРЦИЈА: Отворете ги границите, ослободете се од товарот

Илјадници луѓе стигнале на турско-грчката граница откако Анкара минатата недела најави дека повеќе нема да ги запира мигрантите на пат кон Европа, бидејќи како што тврди , ЕУ не го почитува договорот меѓу двете страни од 2016 година.

Конфликтите меѓу мигрантите и грчката полиција продолжуваат со денови, а сега грчката влада ја обвинува турската војска за отстранување на оградата од границата за да можат мигрантите да влезат на територијата на ЕУ.

Турција ги отвори границите, при што стотици илјади мигранти се упатуваат кон Европската унија. Најавата на Анкара дека тоа ќе го стори следеше само еден ден откако 34 војници беа убиени во сирискиот град Идлиб. Експертите велат дека турските акции во Сирија би можеле да предизвикаат верижна реакција што може да предизвика Европа да ја задеси дури и поголема мигрантска криза отколку што се случи во 2015 година.

Со договорот со ЕУ, Анкара се согласи да ги запре мигрантите во замена за европски фондови за интеграција на сириските бегалци во Турција. Веќе има 4 милиони мигранти, од кои 3,6 милиони се од Сирија.

„Да бидеме искрени, договорот е мртов“, рече грчкиот премиер Киријакос Микотакис доцна во петокот.

Тој тврди дека договорот не успеал затоа што турските власти ја поттикнале сегашната криза со охрабрување или дури и помагање на мигрантите на пат кон Европа.

- Турција има обврска да ги запре луѓето пред да стигнат до крајбрежјето ... и се што е можно за да се борат со шверцерите и нелегалните премини кон Грција. Ова е точно она што е договорено, а Турција го прави спротивното: помага систематски, на копно и на море, да ги пренесе луѓето во Грција - рече тој.

Турција одлучи да ја отвори границата кон Грција, откако претрпе значителни загуби во Сирија. Сириските државни сили со помош на Русија убија 34 турски војници во Идлиб во еден напад.

Анкара тврди дека поради сирискиот режим, кој се повеќе го напаѓа Идлиб, последното упориште на бунтовниците, голем број бегалци од таа земја повторно ќе побегнат, прво во Турција, која веќе е привремен дом на милиони бегалци.

Пред посетата на Брисел, Ердоган се состана со рускиот претседател Владимир Путин за постигнување договор за воспоставување безбедносен коридор долж клучниот автопат М4 во северна Сирија, каде што заеднички патроли ќе бидат лансирани подоцна овој месец од страна на турските и руските сили.

ЕУ е скептична во однос на тоа дали договорот ќе доведе до прекин на огнот и особено е скептичен во намерите на Ердоган, за што многу европски официјални претставници ги обвинуваат дека се обидувале да ја уценуваат ЕУ за изнудување помош од Сирија.

 

Фото: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува