Се огласи Ердоган: Четири жртви во терористичкиот напад во фабриката ТУСАШ
Објавено во: Балкан 23 Октомври, 2024 19:46
Терористи пристигнале наводно со такси во турската авио-космичка фабрика ТУСАШ во Анкара и засега, според официјални извори, убиле четири работници. Околу 200 вработени практично се сметаат за заложници иако голем дел од нив се забарикадирани за да ги избегнат терористите. Неофицијално, двајца напаѓачи се веќе убиени.
„Четири лица загинаа во нападот во Анкара“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тоа сега е една жртва повеќе од претходно објавеното. Најмалку 14 лица се повредени, се додава во изјавата на Ердоган.
„Најостро го осудувам терористичкиот напад во Анкара“, рече Ердоган.
На терен се голем број полициски и медицински екипи за специјални операции, а во близина на објектот неодамна пристигна и министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Директорот на CNN TURK Istanbul News Нихат Улудаг рече дека верува оти постои можност нападот да го извршила Курдистанската работничка партија (ПКК), која е означена како терористичка организација во Турција, или членови на Револуционерната народноослободителна партија, пренесува Хуриет.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




