26 Јуни, 2024
0.0320

СЕ ОГЛАСИ ГРУЕВСКИ - ЕВЕ ШТО ИМА ДА КАЖЕ ЗА ФЕНИКС: Темпирано во време кога треба да се „испере задникот“

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега и побара азил во Унгарија вчера попладнето повторно со долг пост се јави преку неговиот Фејсбук профил. 

И овој пат тој се осврна на тековните случувања во земјава, на корупцијата, на обвинувањта за крадење и богатење на избраните функционери, тема која е актуелна деновиве откако излегоа амбасадорите да се бунат за случаи кои се поврзани со нив. Сепак, Груевски, иако има навистина догл пост, во кое покрај тековните случаи поврзнаи со амбасадите и нашето судство, не опиша детали од времето кога тој седеше во „жешкото“ премиерско столче, ниту пак конкретно за сега веќе новата домашна афера наречена „Феникс“ во кои и самиот се споменува.

Пред неколку дена како никогаш досега амбасадорот на Австрија излезе во јавноста со соопштение од кое произлегува дека луѓето од власта, а во прв ред Зоран Заев имаат контрола над праводудниот систем и го користат во своја полза, независно дали станува збор за бизнис или политичка полза.

Претходно иако со подипломатски вокабулар тоа го слушнавме и од представници на други држави, кои со крајно негативен вокабулар говорат за правосудниот систем односно за политичкото влијание кои со крајно негативен вокабулар говорат за правосудниот систем односно за политичкото влијание на поединци од власта врз истиот - напиша Гуревски
Тој има навистина опширен пост, нешто што не го практикуваше додека беше премиер, а меѓу останатото укажува на процентите на довербата на граѓаните во правосудниот систем, и дека претставници од власта се богатат на грбот од народот, и потоа се осврнува на новиот случај „Феникс“ без да спомене или објасни каква е неговата инволвираност во случајот „Скопје 2014“.
Она што народот го знае е дека спомениците и сите проекти од т.н. проект Скопје 2014 година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите, а ако за некој поединец тврдат дека нешто проневерил, треба да понудат на јавноста и судот цврсти и многу реални докази за тоа, а не прес конференции на незавршени истраги и со општи флоскули, темпирано во време кога треба да се “испере задникот” на оној кој им дал инструкција токму сега да говорат за ова, со цел да ги заташкаат криминалите на поединци од власта на која и се лојални и за која спроведуваат безброј политички прогони и со намера да им дозволат барем ден-два полесно да дишат на скриените преплашени политичари и “големи водачи” зад овој циркус, кој кога здраворазумниот народ ги слуша нивните небулозни изјави често се прашува: “на кои дроги се овие луѓе” и “дали е можно да се толку ниско интелегентни за да не сметаат нас народот за толку не интелегентни”?

П.С. Би сакал сега да ме погледнат во очи оние кои до вчера пуштаа лажни информации за некаков мој договор со власта и слични ниски лажни информации од исплашени политичари - заврши Груевски.

Неговиот целосен пост може да го прочитате од постот. 


Можеби ќе ве интересира

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството