СЕ ОГЛАСИ КАЛИОПИ ПО ТРАГЕДИЈАТА НА КОНЦЕРТОТ ВО БЕЛГРАД: „Ова е најтажниот ден во мојата кариера...“
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2023 07:59
Калиопи Букле го откажа синоќешниот концерт откако една жена од публиката почина за време на настанот.
Несреќната жена дошла дури од Македонија во друштво на своите пријатели и ќерката, кога и се слошило во салата.
За жал, иако брзата помош пристигнала за кратко време, немало начин да ја спаси.
Калиопи била многу потресена од оваа вест, па ја напуштила сцената, а потоа со полицијата отишла во полициска станица да даде изјава.
Таа во текот на ноќта објави стори на Инстаграм и напиша дека и е многу тешко за трагедијата која се деси на нејзиниот концерт.
- Ова е најтажниот ден во мојата кариера... Денеска наместо да славиме живот на мојот концерт, загубивме живот... Во мое име и целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас... Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт... Новиот датум ќе биде објавен наскоро. Калиопи - стои во објавата на Истаграм.
Фото: Принскрин/Инстаграм
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




