19 Декември, 2025
0.0374

Се огласи Путин: Ќе му помогнеме на Иран

Објавено во: Свет 23 Јуни, 2025 13:12

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија презема мерки за да му помогне на иранскиот народ во услови на ескалација на Блискиот Исток,  по најавената и долгоочекуваната средба со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

-Имаме долгогодишни, добри и сигурни односи со Иран. Од наша страна, ние вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ, рече рускиот претседател.

Арагчи пак рече дека Русија е на вистинската страна од историјата во услови на нападите на САД и Израел врз Иран.

„Денес, Русија е на вистинската страна од историјата и меѓународното право“, рече иранскиот министер за надворешни работи.

Арагчи додаде дека Иран им се заблагодарил на своите руски пријатели за нивната „решителна осуда на агресивните дејствија“ против Исламската Република.

Путин, исто така, разговарал по телефон со ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани, со кого разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток, објави прес-службата на Кремљ.

-Телефонски разговор се одржа меѓу претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и премиерот на Република Ирак Мохамед ал-Судани. Беше остварена длабинска размена на мислења за ситуацијата на Блискиот Исток во врска со операцијата на израелските сили против Иран, како и ракетниот и воздушен напад на САД врз иранските нуклеарни постројки“, се вели во соопштението на Кремљ.

За време на разговорот, Путин и Судани се согласија да помогнат во одржувањето на првиот руско-арапски самит во октомври, соопшти прес-службата на Кремљ.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја