15 Декември, 2025
0.0361

СЕ ОГЛАСИ ВУЈКОТО НА НАДАЛ: Новак никогаш нема да го сакаат како Рафа и Роџер

Објавено во: Свет 30 Јануари, 2023 09:39

Добивај вести на Viber

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е најдобар.

Србинот ја расчисти конкуренцијата и го освои Мелбурн, се израмни со Рафаел Надал со 22 Грен слемови, но и ја фрли ракавицата за Ролан Гарос.

Честитки стигнуваат од сите страни, нема кој не е воодушевен од Ѓоковиќ, но има и такви што се љубоморни, искрено, ги има малку, како Тони Надал. Вујкото на Рафа по којзнае кој пат повтори дека Ѓоковиќ никогаш нема да биде сакан како Федерер и Надал.

„Мислам дека проблемот е што Ѓоковиќ пристигна во тенисот кога веќе имаше јасно ривалство меѓу Федерер и Надал. Мислам дека никогаш не успеал да биде сакан како тие двајца, а неговото однесување на моменти било „комплицирано“. Имаме добри односи, мислам дека тој е голем шампион, но - има луѓе кои ги сакаат Рафаел, Роџер и Новак. Исто така, нема некој што не го сака Федерер, ретко кој не го сака Надал, а веројатно повеќето се против Ѓоковиќ. Но, не можам точно да кажам“, изјави Тони Надал во интервју за „Венити фер“.

Сепак, кога станува збор за спортски причини за титулата најдобар тенисер на сите времиња, Тони Надал му даде признание на Србинот.

- Очигледно е дека Ѓоковиќ е во најдобра позиција бидејќи игра на највисоко ниво и нема физички проблеми, го гледам како фаворит за освојување на Вимблдон. Но, работите во спортот се менуваат од ден на ден, има работи кои можат да ве натераат да се предомислите... Секој од нив може да биде најдобар“, изјави Тони Надал.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса