Се отвори првиот аква парк во Скопје – нека започнат водените лудории!
Објавено во: Стил 21 Јули, 2013 18:28
Се отвори првиот аква парк во Скопје. Сите домашни и странски туристи, ќе можат да се разладуваат, забавуваат и рекреираат во претстојната летна сезона.
Во новата летна атракција во Скопје ќе работат 35 спасители. Покрај 34 лиценцирани спасувачи кои завршија обука, еден ќе биде преземен од Матка. Аква паркот ќе овозможи и 40 нови работни места, за лица кои ќе бидат ангажирани во угостителските објекти, три кафе-барови и еден ресторан. Ќе има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош.
Изведувачи на градежните работи се Полин од Турција, компанија која има реализирано преку 2.000 аква паркови ширум светот, како и Жикол од Струмица и Електроунион од Скопје
Во изминативе денови се вршеше тестирање на опремата со која располага Аква паркот, лоциран на северната страна на спортскиот центар, веднаш зад хотелот „Александар Палас“.
Камен-темелникот на Градскиот аква парк го поставија премиерот Никола Груевски и директорот на СЦ „Борис Трајковски“ на 6 јануари годинава. Станува збор за прект вреден 4,2 милиони евра, дел од Програмата на Владата на Република Македонија.
Фото-Курир
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

















