СЕ ПЛАШАТ ОД КОРОНАВИРУСОТ: Русите патуваат со приватни авиони, но не се единствени
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Мај, 2020
Исплашени од коронавирусот, богатите Руси патуваат со приватни авиони.
Во март се евидентирани 250 приватни летови на релацијата Москва – Европа.
Приватните летови чинат од 16.000 до 25.000 евра, а Русите патуваат на Кипар или во Велика Британија каде имаат имоти.
Но, на Русите не се единствените кои се решиле на ваков чекор.
И Кинезите летаат со приватни авиони од Соединетите Американски Држави, а Американците патуваат на ист начин во елитните домашни одморалишта.
Во Русија 101 лекар починал од коронавирус, но се верува дека оваа бројка е многу поголема.
Русија се наоѓа на третото место во светот, по бројот на заразени, односно таа е позиционирана зад САД и Бразил, со повеќе од 360.000 случаи. Досега во земјата има 3.807 смртни случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.