СЕ ПОЈАВИ НОВ СИМПТОМ НА КОРОНАВИРУСОТ - на овој проблем никој не се жалеше досега, д-р Стојановиќ предупредува - обрнете внимание
Објавено во: Балкан 03 Август, 2022 11:03
Сè поголем број пациенти со ковид се жалат на болки во грбот, изјави д-р Александар Стојановиќ, директор на здравствениот дом Палилула гостувајќи во утринската програма на телевизија Курир.
Инаку, според последните анализи, заразени се уште 6.936 лица, а починале 10 лица. Тестирани се 18.856 лица, 23 пациенти се на респиратори. Седмиот бран на коронавирусот, како што беше и првиот, повторно ги напаѓа најстарите, па според лекарите неопходни се построги мерки и поголема епидемиолошка контрола.
Ситуацијата е таква што мнозинството од заразените со Ковид-19 немаат никакви симптоми. Кога ќе се појават првите знаци на вирусот, тие обично се благи и често тестот не ги открива, односно е негативен, а пациентот е всушност позитивен на Ковид. Младите се инфицираат на ист начин како и постарите, но нивната клиничка слика е обично поблага од грипот и изгледа како обична настинка, иако не е. Има малку покачена температура, болно грло кое трае ден-два. Експертите не потсетуваат дека е важно да се тестираме, за себе и за другите.
На оваа тема за телевизија Курир зборуваше д-р Александар Стојановиќ, директор на здравствениот дом „Палилула“.
- Еден од симптомите е болка во 'рбетот, речиси секој втор, трет пациент од 40 години па нагоре. Првпат се среќаваме со овие симптоми - рече д-р Сртојановиќ и додаде:
- Овој вид е специфичен. Имате болки во кичмата, прво немате температура и ви се чини дека ве боли од нешто што сте работеле, па правите тест и излегувате позитивен. Имаме и заразени бебиња од еден месец, месец и пол. Тинејџерите го преболуваат на нозе. Симптомите ќе бидат поблаги. Но возрасните се поранливи - изјави д-р Стојановиќ.
Извор: Курир.рс
Фото: Принтскрин Курир
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




