Се појавија фотографии за позадината на iPad Air 2
Објавено во: Мои пари 04 Август, 2014 15:41
Овој викенд се појавија фотографии кои наводно ја покажуваат позадината на претстојниот iPad Air 2 таблет. Она што дизајнот на позадината го кажува е тоа дека гласините за предните звучници не се точни, бидејќи тие се сместени во дното на задниот дел од маската.
Интересно е дека наследникот на iPad Air таблетот има само еден ред звучници, за разлика од претходниот модел со два реда. Ова покажува дека iPad Air 2 ќе биде потенок.
Се очекува Apple iPad Air 2 да има Touch ID скенер на оттисоци, кој ќе биде вграден во Home тастерот. Исто така се очекува дека таблетот ќе го движи Apple A8 процесор.
Почетокот на производство на овој таблет се очекува наредниот месец, заедно со iPhone таблет и iPad mini 3 моделот. Тоа значи дека овие три уреди би можеле да бидат подготвени за октомвриското лансирање.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




