20 Декември, 2025
0.0552

СЕ ПОЛНИ СО ВРАБОТЕНИ ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД - на оглас се бараат инспектори, но и помошници и советници, плати и до 33 илјади денари

Објавено во: Економија 27 Април, 2022 07:38

Добивај вести на Viber

На газдите кои не сакаат да ги почитуваат работничките права, отсега па натаму ќе им биде многу потешко, бидејќи Државниот инспекторат за труд ќе има 12 нови инспектори.

На веб страната на Агенцијата за администрација се објавени огласи за прием на 12 нови вработени, кои ќе бидат инспектори во Државната трудова инспекција.

Не е јасно дали овие нови вработувања се прават со цел да се пополнат испразнети работни места по пензионирање или од други причини, или, пак, се сосема нови вработувања, со цел да се засили капацитетот на Државниот инспектолрат за труд. Овој инспекторат, пак, од почетокот на годинава има уште една обврска, а таа е да се контролираат работодавачите дали го почитуваат недела неработен ден, односно дали им дозволуваат на работниците да се ослободени или повеќе платени за време на работа во недела, како што предвидуваат законските прописи.

Инаку, во Државниот инспекторат за труд работат 214 вработени. 

Таа бројка на вработени била предвидена и со буџетот за минатата година, и со буџетот за оваа 2022 година, односно, барем како што говори највисокиот економски акт на државата, за Државната трудова инспекција не било предвидено зголемување на бројот на вработени.

Како што е објавено во огласот, плата од близу 33 илјади денари ќе зема Помошник раководителот на Секторот за инспекциски надзор во областа на работните односи, односно помошникот главен инспектор, за кој е распишан оглас во Агенцијата за администрација.

За него е предвидено да има високо образование, и тоа Правен факултет, како и најмалку четири години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку една година како инспектор. Треба да има и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, односно англиски, француски или германски јазик. Но, треба да исполнува и еден дополнителен услов, а тоа е да поседува лиценца за инспектор од областа. За ова работно место може да конкурира само Македонец, а неговата нето плата ќе изнесува точно 32.922 денари.

Во Државниот инспекторат за труд ќе бидат примени и двајца помлади инспектори од областа на работните односи за регионот на Скопје. Тие треба да имаат исто така Правен факултет, и да бидат со или без работно искуство по дипломирањето. Согласно годишниот план за предвидени вработувања за оваа година, тие треба да бидат исто така Македонци. Нивната плата ќе биде доста пониска од помошник раководителот инспектор, и ќе изнесува само 22.082 денари.

Се бара и помлад инспектор од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа за регионот на Крушево. И за него се наведува дека треба да има завршено Правен факултет, а може да има, но и не мора работно искуство по дипломирањето. Повторно се бара да конкурира Македонец, а неговата плата ќе биде 22.082 денари.

Уште двајца помлади инспектори се бараат од областа на безбедноста и здравјето при работата, и тоа за регионот за Скопје. Тие треба да имаат високо образование од областѕа на Архитектура, урбанизам и планирање, Електротехника, Електромашинство, Електроника и автоматика, Енергетика, Градежништво и водостопанство, Индустриско инжинерство и Менаџмент, Машинство, Матерјали, Металургија, Регулација и управување со технолошки процеси, Технологија на прехранбени производи..., и да бидат со или без работно искуство по дипломирањето. И за овие позиции ќе се примат Македонци, со плати од 22 илјади денари.

Нешто повисока плата од нив ќе земаат двајцата советници инспектори за безбедност и здравје при работа, за регионот во Скопје. Тие треба да го имаат истото ниво и вид на образование како и помладите инспектори од таа област, но разликата е што е неопходно да имаат најмалку три години работно искуство по дипломирањето. И на овие две работни позиции ќе се примаат Македонци, а нивната плата ќе изнесува 26.313 денари.

Се бара и еден советник инспектор за безбедност и здравје при работа за Велес, со истиот вид образование, најмалку три години работно искуство по дипломирањето, и истата плата како неговиот претходник. Но, тој по националност треба да биде Ром, е наведено во огласот.

Во ДИТ ќе се прима и еден помошник инспектор за безбедност и здравје при работа. Треба да го има истото високо образование, најмалку една година работно искуство по дипломирањето. Овој кадар според етничката припадност ќе биде Македонец, а ќе зема плата од 23.669 денари.

Во државната трудова инспекција ќе се вработи и еден помлад инспектор од областа на безбедност и здравје при работа за Гевгелија. Треба да ги има истите квалификации, со или без работно искуство по дипломирањето. Предвидено е да биде Турчин според националноста, а ќе има плата од 22.082 денари.

И конечно, се бара и еден помлад соработник за анализа на податоци од делокругот на работењето на Државниот инспекторат за труд. Треба да има високо образование од областа на социологијата, со или без работно искуство во струката. И овој кадар треба да биде Македонец, а ќе има нето плата од 22.082 денари.

Инаку, за в.д. директорка на ДИТ е именувана Весна Томовска, која претходно имала повеќе позиции во таа институција. Претходно на местот прв човек на ДИТ беше Јована Тренчевска, сегашна министерка за труд и социјална политика.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба