16 Декември, 2025
0.0524

СЕ ПОМАЛКУ АРГАТИ НА НИВИТЕ: Во шпицот скапо го наплаќаат трудот

Објавено во: Економија 06 Мај, 2020 07:05

Добивај вести на Viber

На нивите во струмичко, крај кој важи за земјоделски, има сѐ помалку аргати, затоа што и површините се намалуваат, но и сопствениците на поголеми насади ангажираат арагати само кога мораат.

Состојбата е ваква последните неколку години. Ристо Велков, претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот регион вели дека порано земјоделците ангажирале сезонци за цело лето, додека има работа, што денес не е случај.

„Сега на прсти се бројат луѓето кои имаат поголеми површини и на кои им се потребни сезонци. Работници сега им требаат на оние кои имаат оранжерии со парно. Сезонската работа почнува со берба на зелка и продолжува понатаму со други култури. Луѓето викаат сезонци, на два - три часа, или еден ден само кога не можат да постигнат сами да сработат, затоа што сметаат дека не им се исплати. Јас лично не земам аргати, туку се трудам колку можам да сработам сам“, вели Велков.

Според него, во струмичко денес нема ниту стотина сезонци во земјоделскиот сектор. Повозрасните луѓе, кои добро ја познаваат земјоделската работа обично се нафаќаат да работат на нива.

Сезонци не доаѓаат од градот, туку од едно село одат во друго село. Тоа се постари луѓе кои немаат свои насади, и за да не седат дома, одат да поработат некој ден. Во шпицот, можат да земат дневница од 2.000 денари, и тогаш помагаат при берба, прскање, заштита на растенијата од плевели, едноставно сѐ што треба, а вообичаено дневницата е 1.000 денари“, објаснува Велков.

Дополнително, иселувањето и празнењето на селата придонесува да нема аргати. Младите не сакаат да работат на нива.

Велков вели дека од година во година состојбата со македонскиот аграр е полоша.

„Многу ретко се ангажираат сезонци, но кој сака да работи земјоделство? Јас лани садев три декари под пиперка, но не сум барал аргати. Градот ми го уништи родот. Земјоделството е „фабрика без покрив“, рече Кирил Филев, од Здружението „Македонска градина“ од Струмица.

Во струмичкиот крај најчесто се сади зелка, затоа што производната цена е пониска за разлика од другите култури. Земјоделците се плашат дека нема да има пласман за она што ќе го произведат.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи