05 Април, 2025
0.0600

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ излезе на протест со барање за минималец од 500 евра, но и зголемување на другите плати

Објавено во: Економија 02 Април, 2025 21:39

Добивај вести на Viber

ССМ ПРОТЕСТИРАШЕ СО БАРАЊЕ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА

Oд Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска на протест побара од пратениците во Собранието, од работодавачите во Стопанската комора и од Владата, да ја зголемат минималната плата на 500 евра, а останатите плати за 100 евра. 

Рекоа дека доколку тоа не се случи, може да има генерален штрајк и протести. 

Конечно работниците излегоа на улица да бараат плата. Нападите кои ги упатуваат кон нас се само поради тоа што бараме достоинствени плати за достоинствен живот“, рече Слободан Трендафилов од ССМ. 

НОВО РОЧИШТЕ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО, СВЕДОЧЕШЕ КЕШИШЕВ

Во телефонот на обвинетиот Влатко Кешишев, првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски бил запишан како „царот“. 

Ова денеска беше кажано на новото судско рочиште. Влатко Кешишев посочи дека Палевски и Велибор Манев биле одговорни за плановите, а тој не бил присутен за време на договорите. Се разговарало за грабнувања, но не и за убиства. Според Кешишев идејата за грабнување од конкретната зграда била на Палевски. Обвинетиот кажа дека не ги познавал Ѓорчевска и Жежовски, ниту таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

СЕ ВРАТИЈА ПАЦИЕНТИ ОД ГРЦИЈА И ШВЕДСКА

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.

Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент.

УТРЕ ЌЕ ИМА СРЕДБА МИЦКОСКИ - ФИЛИПЧЕ

Средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче ќе има утре во Владата, во 14 часот. 

„Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, велат од Владата.

Во изјава за медиумите во Штип, Мицкоски искажа подготвеност за средба со Филипче, кој денеска повика на политички и општествен дијалог.

Лидерот на СДСМ рече дека прво треба да оствари тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски бидејќи, како што рече, тој прв подал рака и рекол дека средбата е прифатлива. Подоцна би дошла предвид и средба со лидерите на парламентарните партии. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата повторно ќе ги поддржи печатените медиуми преку субвенции со кои ќе покрива дел од трошоците за печатење и дистрибуција на весниците. Јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2025 година е објавен на нивната веб страна и истекува утре.

Очекуваната оперативна добивка на годинава е речиси 0,65 милиони евра. Во финансискиот план е предвиден раст на приходите за 10 отсто во услови на раст на оперативните трошоци од 3 отсто. 

Голем број на фирми не можат извесен период да ја исплатат платата за своите вработени, затоа што сметководителите имаат системски проблем со модернизацијата во Управата за јавни приходи.

Покрај задолжувањето со унгарскиот кредит, како и задолжувањата кои се прават на домашниот пазар преку издавање на обврзници, Владата ќе се задолжува и кај една од домашните банки, или конкретно кај Шпаркасе банка, една од петте најголеми банки во земјава, која е во странска сопственост. 

Поскапените услуги на Агенцијата за катастар на недвижнини во текот на 2024 од граѓаните и другите субјекти од фелата и овозможиле во текот на ланската година да собере неверојатно високи 13,33 милиони евра од наплата. 

Во случај на пожар во затворен простор, потребно е да се направат неколку постапки со цел тој да се угуши, да не направи големи штети и да не предизвика човечки жртви. 

Можеби ќе ве интересира

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ СИТЕ АМЕРИКАНЦИ: Калифорнија ќе бара да биде изземена

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ СИТЕ АМЕРИКАНЦИ: Калифорнија ќе бара да биде изземена

КИНА СО ОДГОВОР ЗА САД: Најави нова царина од 34 отсто за сите американски стоки

КИНА СО ОДГОВОР ЗА САД: Најави нова царина од 34 отсто за сите американски стоки

ПОСКАПЕА НЕДВИЖНИНИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку чини квадрат во Љубљана?

ПОСКАПЕА НЕДВИЖНИНИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку чини квадрат во Љубљана?

Официјална средба на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Официјална средба на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Се огласи сопственикот на „Соравиа“: Нема да дозволиме извршител да ја продава зградата

Се огласи сопственикот на „Соравиа“: Нема да дозволиме извршител да ја продава зградата

ЦЕЛ СВЕТ МУ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ НА ТРАМП: Гугл „гори“ од пребарување списоци, ќе се бојкотираат американски производи

ЦЕЛ СВЕТ МУ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ НА ТРАМП: Гугл „гори“ од пребарување списоци, ќе се бојкотираат американски производи

КОНФИСКУВААТ ИМОТ НА ДОЛЖНИЦИ, А САМИТЕ НЕ ГИ УПЛАЌААТ ПАРИТЕ ВО БУЏЕТОТ – еве какви забелешки најдоа ревизорите за Агенцијата за управување со одземен имот

КОНФИСКУВААТ ИМОТ НА ДОЛЖНИЦИ, А САМИТЕ НЕ ГИ УПЛАЌААТ ПАРИТЕ ВО БУЏЕТОТ – еве какви забелешки најдоа ревизорите за Агенцијата за управување со одземен имот

Зелените кредити во 2024 достигнале безмалку половина милијарда евра

Зелените кредити во 2024 достигнале безмалку половина милијарда евра

СЕ НАВЕДУВААТ ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ КОИ НЕ ЗАВИСАТ ОД АВИОКОМПАНИЈАТА - се одложува стартот на линијата Скопје-Дубаи

СЕ НАВЕДУВААТ ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ КОИ НЕ ЗАВИСАТ ОД АВИОКОМПАНИЈАТА - се одложува стартот на линијата Скопје-Дубаи