СЀ ПОМАЛКУ И ПОМАЛКУ НЕВРАБОТЕНИ – нов пад на лицата кои бараат работа, годината ја завршивме со рекорд
Објавено во: Економија 24 Јануари, 2025 07:38
Најновите податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека последниот месец од минатата година сме ја завршиле со најмал број на невработени граѓани во последниве години. Имено на бројот на невработени се намалил на само 96.828 лица, и уште 44.118 други лица кои бараат работа.
За споредба, на почетокот на 2024 година, или во месец јануари имаше 105.803 невработени граѓани, и уште 46.881 други баратели на работа. Неколку месеци дури имаше и раст на невработените, па нивниот број се покачи на 106.618 невработени и 47.273 лица кои бараат работа. Но, потоа следеше бран на постојано намалување на невработените граѓани кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување, со што на крајот на годината е достигнат нов „пик“.

Аналитичарите на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ во нивниот последен макроекономски монитор укажаа дека намалувањето на невработенсота е позитивен сигнал, и потенцираа дека најголем дел од новите работни места се создадени во земјоделскиот сектор и во индустријата.
- Невработеноста во третиот квартал од 2024 понатамошно благо се намали на 12,3 отсто. Во овој квартал продолжува намалувањето на воздржаноста на пазарот на трудот, имајќи предвид дека се креирани близу 7.000 нови работни места, а активноста на населението се подобри (52,6 проценти).
Сепак, забележливо е дека најголем дел од работните места се создадени во земјоделството и индустријата, додека растот на додадената вредност во трговијата не е проследен со нови работни места, бидејќи таму бројот на работници е намален и во однос на претходниот квартал и во однос на истиот квартал од 2023– нагласуваат од „Фајненс тинк“.
Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека меѓу невработените има и 20 доктори на науки, 564 магистри на науки, како и скоро 6.000 граѓани со високо образование кои се во потрага по работа.
Убедливо најголем група на граѓани без работа се оние кои имаат и најниско образование, односно категорија на граѓани кои се без образование или само со основно образование. Таму има дури 59 илјади трагачи по работа, додека со непотполно средно образование работа бараат скоро осум илјади граѓани. Голем број граѓани со завршено средно образование исто така се борат да најдат работа, туку има дури 22.811 лица кои бараат работа.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




