Се повеќе Французи се хранат во народни кујни
Објавено во: Свет 26 Март, 2013 13:48
Сите хуманитарни организации во Франција констатираа дека изминатава зима е забележан пораст на бројот на лицата кои им се обратиле со барање да им обезбедат храна.
Резултатите кои ги соопшти асоцијацијата „Ресторан на срцето“,создадена од сега исчезнатиот француски хуморист Колуш во 1985 година, се потврда на констатацијата. Само во кујните на оваа асоцијација во текот на зимата 2012-2013 помош побареле 960.000 лица, односно 100.000 или 11 отсто повеќе во однос на претходната зима. Оваа асоцијација за зимскиот период поделила околу 130 милиони оброци.
- Од зимата 2008 и почетокот на кризата, РДК прифати 40 проценти повеќе лиза кои бараат помош за исхрана, прецизира асоцијацијата. Таа располага со 2.040 центри за помош ширум Франција, чии врати се отворени секојдневно од ноември до крајот на март или најмалку два пати неделно кога се делат кошнички со храна за најзагрозените.
Во текот на минатогодишната кампања беа поделени 115 милиони оброци на околу 870.000 лица. Во текот на другите месеци од годината три четвртини од центрите се отворени и тие им помогаат на најранливите слоеви на населението, како старите лица, лицата со ниски примања, бебиња, странци итн.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




