19 Декември, 2025
0.0566

Се повеќе се штеди во домашна валута

Објавено во: Економија 10 Август, 2016 12:10

Добивај вести на Viber

Македонците се повеќе штедат во  домашна валута. Ова го покажува последниот извештај на Народната банка во кој се разгледуваа состојбите за домашната економија.

Од централната банка велат дека  се присутни знаци на стабилизирање на очекувањата, видливи преку отсуството на притисоци на девизниот пазар и интервенции на НБРМ со откуп на девизи при што е забележан и раст во штедењето на населението во банкарскиот систем и склоност кон штедење во домашна валута.

„Расположливите високофреквентни податоци за економската активност за вториот квартал од годината навестуваат продолжување на економскиот раст, но со забавена динамика во однос на првото тримесечје. Остварувањата во економијата од почетокот на годината досега се послаби од очекувањата, што заедно со ризиците од надворешното окружување и домашните политички случувања, упатуваат на надолни ризици за проекцијата на БДП за 2016 година. Во однос на инфлацијата, просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени и натаму е во негативната зона, при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација бележи позитивни годишни стапки на раст. Инфлациските остварувања засега упатуваат на пониска инфлација од проектираната, а ризиците околу проекцијата до крајот на годината и понатаму се поврзани со променливоста на очекувањата за промените на светските цени на енергијата и храната“, соопштуваат од НБРМ.

Што се однесува на девизниот пазар, во услови на сезонски раст на понудата на девизи од менувачи и истовремен пад на побарувачката на девизи од фирмите, банките на нето-основа оствариле откуп на девизи во трансакциите со клиенти.

„Во трансакциите со физички лица, движењата, со натамошно намалување на побарувачката и истовремен раст на понудата на девизи, што придонесе банките да остварат релативно висок нето-откуп со овие клиенти. Поволните движења во трансакциите со клиенти придонесоа за подобрување на девизната ликвидност на банките, што доведе до зголемена понуда на девизи на меѓубанкарскиот девизен пазар. Во такви околности, од 25 јули Народната банка секојдневно интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачи, при што заклучно со 8 август се откупени вкупно 48,3 милиони евра. Интервенциите на Народната банка на девизниот пазар придонесоа за подобрување на денарската ликвидност на банкарскиот систем. Во такви околности и во насока на ефикасно управување со ликвидноста, банките ги зголемија пласманите во расположливи депозити кај Народната банка“, покажува извештајот на НБРМ.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите