19 Јануари, 2025
0.0305

СЕ ПОВЕЌЕ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ОКОЛИНАТА – можат ли Македонците мирно да спијат

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Научниците во мојата област обично избегнуваат да тврдат нешто со сигурност и да даваат прогнози за следни земјотреси, бидејќи нема точни мерења што ќе покажат дека каде и во кое време ќе има земјотрес. Она што со сигурност можам да го кажам е дека нема поврзаност меѓу земјотресот во Турција и земјотресите во Романија или последниов во Хрватска. Ова го истакнува нашиот познат сеизмолог Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни гради и климатски промени (ИСОГКП). 

Гаревски за Фактор потенцира дека нема поврзаност, ниту било каква корелација меѓу земјотресот на анадолскиот растер во Турција и оној во Романија со магнитуда нешто над 5 степени, ниту пак со оној во Хрватска.

- Едноставно не се поврзани. За да биде појасно, ќе се обидам да доловам колку што може помалку научно. Не може да има влијание земјотресот во анадолскиот растер во Романија, а да нема во Истанбул, или некои други поблиски локации. Едноставно Романија, како и Турција, особено регионот каде што и овој пат имаше силен потрес, важат за сеизмички активни региони. Во овој регион во Романија на секои 60 години има скоро редовно земјотрес со магнитуда околу и над 7 степен – потенцира Гаревски. 

Тој појаснува дека во 1940 година имало јак земјорес со магнитуда од 7,7 степни во Романија, додека пак во 1977 година имало земјотрес со магнитуда од 7,5 степени кој бил почуствуван и во Скопје и траел дури 55 секунди. Посочува дека Романија имала земјотреси со јачина од 5,3 степени во 2014, како и земјотрес од 6,2 степени во 1990 година, што е доказ дека е трусен регион.

Сепак, тој истакнува дека нема опасност во Македонија да се случи посилен земјотрес како резултат на тресењата на тлото во околината.

- Во Македонија може да се случат земјореси со јачина од 2 до 3 степни, што може и да не ги почуствуваме, да не ги ни сетиме. Но, напоменувам, и да има, тие потреси нема да имаат никаква поврзаност со земјотресот во Турција. Мора да напоменеме дека во светот секојдневно се случуваат голем број земјотреси. Овој период се уште доминираат афтершоковите во Турција, но денес на пример се регистрирани земјотреси и во Грција и во Бугарија. Во Грција со магнитутда од 3,6 степени, додека во Бугарија со магнитуда од 3,1 степеен пред шест часа. Земјотреси со магнитуда меѓу 2 и 3 степени се случуваат постојано и во голем број низ целиот свет – додава Гаревски.

Сеизмологот појаснува дека Романија како земја која исто така важи за трусно подрачје, деновиве често има земјотреси, кои се афтершокови.

- Би сакал да истаканам, и појаснам одредени нејаснотии кои се шират периодов со земјотресот во Турција. Многу медиуми ја пренесоа веста за град во Туција, Ерзин, каде немало срушени згради благодарение на градоначалникот. Но, тука мора да сме свесни дека тоа не е само до него. Не се срушила ниту една зграда, но не се градат згради само последните пет или десет години, туку таму не се срушил ниту еден објект, ниту некоја од постарите градби не се срушила. Тоа се должи, всушност на тоа што тој град не бил во расаданта зона, кај нив тресењето не било толку забрзано. Скоро илузорно е сите градби да бидат еднакво квалитетни, и нивното опстојувањае не зависело само од градбата туку и од епицентарот на ударот – појаснува Гаревски.

Гаревски пртходно за Фактор посочи дека градбите кои се градат во земајва од 2014 година наваму се посигурни бидејќи подлежат на подетални проверки за издржливост од земјотреси.

Петранка Огнаноска


Можеби ќе ве интересира

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите