18 Декември, 2025
0.0390

ГАРЕВСКИ ЗА ФАКТОР: КОЈ ЖИВЕЕ ВО СТАН ИЗГРАДЕН ОД 2014 ГОДИНА НАВАМУ, МИРНО ДА СПИЕ - проверките гарантират отпорност на земјотреси

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2023 09:38

Добивај вести на Viber

Градбите кои се изградени во нашата земја по 2014 година се посигурни бидејќи се градат според нови законски одредби кои бараат придржување кон построги правила за градба, и кои се контролирани за отпорност при потреси. Ова го истакна Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни гради и климатски промени (ИСОГКП). 

Гаревски за Фактор потенцира дека од 2014 година градбите се контролираат од повеќе институции кои се регистрирани во Министерството за образование и наука, меѓу кои се ИСОГКП кои спроведуваат контроли на терен, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и други слични институции, кои ја проверуваат безбедноста на градбите.

По разорнот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија во понеделникот рано наутро, во кој веќе има голем број жртви, многу разуранти објекти, и се уште се трага по преживеани, стравот кај граѓаните се зголеми. На социјалните мрежи и низ медиумите постојано се споделуваат снимки од спасување на преживеани, но обемот на штетите е огромен, и неопходни се повеќе спасувачки екипи за помош на затрупаните граѓани. 

Ваквите информации очекувано создаваат паника и меѓу нашите граѓани, кои стравуваат од слично апокалитично сценарио. Сепак, некогашниот прв човек на Инситутот за земјотресно инженерство, Гаревски за Фактор потенцира дека во нашата земја не може да се очекува волку силен удар, а дополително вели новите градби се направени да истрпат посилни земјотреси. 

-  Во Скопје и Македонија не може да се случи земјотрес со магнитуда од 7,8 степени. Најголемата магнитуда е регистрирана во Пехчево-Берово во 1904 година и таа била меѓу 7,2 и 7,4 степени. Сепак, би нагласил дека во нашата земја не се очекува земјотрес со јачина како во Турција – потенцира Гаревски.

Тој појаснува дека земјотресот во Турција не се очекува да биде тригер за земјотреси во Македонија бидејќи е многу оддалечен. Сепак, додава дека е нормално таласите кои се ослободени да предизвикаат благо придвижување, но тој тип на „микротребори ќе ги регистрираат само апаратите“.

-  При волку јака магнитуда на земјотрес, која е во близина на големи градови, бројките на починати може да надминат и 17 илјади жртви, колку што достигнаа при последниот силен земјотрес во тамошниот регион. Турција е една од најтрусните зони заедно со САД, Јапонија, Чиле и Индонезија, но сепак, ова е еден од најјаките земјотреси, втор по јачина во земјата. Најсилниот бил во 1939 година како и сега на анадолскиот растер и при тој земјотрес биле изгубени дури 17 илјади животи. На истиот расед близу Измир имаше исто така силен земјотрес во 1999 година, кога магнитудата достигна 7,4 степени. Тој период два пати ги посетивме погодените региони, и со свои очи сведочевме на огромните штети. Тогаш имаше огромни рушевини, многу разурнати згради, но и покрај силината на земјотресот во големите штети уддел имаше непрописната градба, несоодветната арматура и несоодветните градежни материјали – објаснува Гаревски.

Тој за Фактор додава дека по 1999 година се воведени поризгорозни одредби за градење во Турција, но и контроли. Сепак, појаснува дека и понатаму има многу згради кои се изградени пред новите законски измени, односно пред 1999 година, што ги прави ранливи на силни удари, бидејќи начините на градење претходно биле многу „несериозни“.

-  Последователни земјотреси во следниот период е очекувано. Афтершоковите ќе продолжат во следните 2-3 месеци, па дури може да траат и 5-6 месеци. Сепак, по главниот удар, не се очекува нов толку силен удар, или близу до него. Веќе имаше некои посилни, во ваква ситуација, очекувано е одреден период да има последователни земјотреси со магнитуда околу 4 степени, па околу три, па два, но може и пак да се зголеми магнитудата и да има земјотрси со силина околу 5 степени, па пак да намалува и постепено да запрат – дополнува Гаревски. 

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери