05 Декември, 2025
0.5709

Се прави нов туристички бренд „Бугарија“

Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2012 10:19

Добивај вести на Viber

До февруари следната година треба да биде готов туристичкиот бренд „Бугарија“, соопшти бугарскиот заменик-министер за туризам  Иво Маринов. Брендот „Бугарија“ ќе ја претставува државата како целогодишна атрактивна туристичка дестинација, со конкурентни туристички производи и можност за престој по пристапни цени. Оваа реклама на Бугарија ќе биде насочена пред се кон четири земји - Германија, Русија, Романија и Велика Британија. Во почетокот на месецот, бугарското министерството за економија ги објави резултатите од истражувањето, кои потврдиле дека Бугарија останува малку позната дестинација, а најмногу ја препознаваат по евтиниот морски туризам, а само малкумина од странските туристи имале информација за планинскиот и ски-туризмот, како и за бугарските бањи и спа центри. Затоа Владата одлучила со реклама и промовирањето на брендот „Бугарија“ да ги привлече странците кон својата држава и да ја победи конкуренцијата. Во однос на летниот туризам за главни конкуренти на земјата се дефинирани Турција, Грција, Хрватска, Италија и Шпанија, а за зимскиот - Австрија и Италија. Што се однесува до СПА и бањскиот туризам, Бугарија се натпреварува со Чешка. Според Румен Драганов, директор на Институтот за анализа и оценка во туризмот, потребни многу средства, а и подолго време за да може "новиот туристички бренд" да стане препознатлив , пренесува бугарски „Investor“. „Бугарија е позната во целиот свет по своите розите. Треба да се вложат барем 200 милиони евра, за да може нашата земја да се изгради нов имиџ . Кога ќе чуе за Бугарија, секој странец прво го споменува маслото од рози, а сега треба да се протурка еден нов бренд, кој се за многумина е целосно непознат“, вели Драганов.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година