25 Април, 2024
0.0278

Се празнува Водици, масовна посетеност на Охрид и Скопје

Објавено во: Стил 19 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

По повод големиот христијански празник Богојавление - Водици кој го слават православните верници, денеска напладне во водите на Вардар во Скопје  ќе скокнат 173 пријавени верници во обид да го фатат крстот кој веруваат дека ќе им донесе среча во тековната година. Годинава меѓу учесниците има и граѓани со над 60 години и малолетни лица, кои ќе учествуваат со писмено одобрение од родител. Најмладиот учесник има само 15 годишни.Препорака до сите учесници што ќе се обидат да го фатат крстот е во вода да влегуваат исклучиво со обувки на нозете (сандали, патики и слично), како што посочено и минатата година.

Просторот околу мостот кај „Холидеј Ин“, од каде што владиката г.г. Стефан ќе го положи крстот во Вардар, ќе го обезбедуваат обезбедувачи од  агенциите „Никоб“ и „Уна“.

Богојавленската литургија веќе започна во 9 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. И Охрид подготвен за Водици Околу илјада верници се очекува денеска да влезат и во водите на Охридското Езеро за да го фатат крстот што во осветените води ќе го фрли владиката Дебарско-кичевски Тимотеј.  Голем број верници и посетители денеска го посетија овој град, а сите најголем дел од сместувачките капацитети се полни бидејќи нудат ниски, промотивни цени за сместување на гостите. Ноќевање со појадок за време на Водици во хотелите чини околу десет евра, додека угостителите ќе одат со цени намалени и за 40 проценти. Фрлањето на крстот предвидено некаде после 10 часот. И овојпат МПЦ за празникот има организирано групно крштевање на верници во водите на Охридското Езеро.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти