05 Декември, 2025
0.2399

Се продаде јахтата на рускиот тајкун Берзовски

Објавено во: Стил 09 Април, 2013 13:14

Добивај вести на Viber

Хрват, чиј идентитет се чува во тајност, ја купил ексклузивната јахта Тандер Б, која беше во сопственост на починатиот руски тајкун Борис Берзовски.

Јахтата долга 49 метри, направена е во 1998 година во Австралија, но се наоѓа во исклучително добра состојба. Има два дизел мотори со 2950 коњски сили, турбина со јачина од 4600 КС и резервоари за гориво од 70.500 литри.

Во неа може да се сместат 10 лица во пет апартмани, а сите нејзини простории пружаат максимален комфор, додека на палубата се наоѓа базен.

Јахтата е продадена за пет милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: