Се продава дел од рускиот метеор
Објавено во: Стил 30 Септември, 2013 14:22
Најголемиот достапен дел од метеорот кој во рускиот град Чељабинск падна во почетокот на оваа година е понуден на продажба, јавија руските медиуми.
Каменот, тежок 3,36 килограми чие вселенско потекло го потврди Државниот универзитет во Чељабинск, се рекламира како „сериозен метеорит за сериозни луѓе“.
Алексеј Усенков кој го најде небесниот камен кој го продава, бара за неговиот плен 2,1 милиони рубљи (65.000 долари).
По извештаите на медиумите, Усенков најде уште неколу помали фрагменти, но ги дал на пријателите и роднините.
Во почетокот планирал да задржи поголем дел од парчето или да го подари на некој музеј, но се предомислил.
Усенков рече дека се надева дека ќе најде купец пред првата годишнина на падот на метеорот на 15 февруари, кога од последица на експлозија во воздхот беа повредени 1.500 луѓе, а некои згради беа оштетени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





