22 Ноември, 2024
0.0257

Се продаваат лозја, ама нема кој да ги купи

Објавено во: Агробизнис 12 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Многу лозари ги продаваат своите лозја кои се наоѓаат во околината на Кавадарци, Неготино, Росоман, Битола, Тетово, Скопје, Дојран, Велес, Штип, Свети Николе и други делови на државата. 

Иако огласите долго стојат на интернет, сопствениците на овие лозја велат дека тешко оди со продажба. Објаснуваат дека сакаат да ги продадат лозјата, затоа што од грозјето тешко се опстанува, а одржувањето на лозовите насади бара работа, ѓубрива, пестициди, додека откупната цена на грозјето е ниска, а често исплатата доцни. 

„За разлика од порано, кога градевме куќи од лозјата, купувавме трактори, механизација, прскалки, сега е многу скапо да се произведе грозје, а цената е ниска. Пред 26 години беше многу подобро, се живееше од грозјето. Има луѓе кои се откажаа од обработка на лозјата. Нема некоја заработка и сакам да се ослободам од лозјето. Со месеци го продавам и никој не се јавил да праша за него. Инаку, јас сум пензионер, немам веќе ниту сила да работам и тоа е уште една причина зошто сакам да го продадам“, вели жител на Неготино. 

Жител на Росоман продава лозје веќе неколку месеци. Вели дека луѓето се јавуваат, прашуваат, но досега не успеал да го продаде. 

„Се јавуваат од Скопје и од нашата општина, но лозјето уште не е продадено. Не знам дали им се чини скапо или едноставно не се сериозни во намерата да купат лозје“, додава жител на Росоман. 

Лозја се продаваат и во околината на Куманово. 

„Јас продавам лозје, ама никој не се јавува за огласот, општо никој не купува земја. Не се исплати, луѓето не сакаат да купуваат ниви. Имав план да инвестирам во нешто друго, ама тешко е да се продаде лозјето“, објаснува Валентина од Куманово. 

Некои од огласувачите, заедно со лозјата нудат и викендички на продажба. Има лозја со површина од 2.500, 3.000, 7.500, 10.000 метри квадратни. Се продаваат лозја за цена од 4.000 евра, но и поголеми кои чинат 10.000 евра. 

Податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека површините под винова лоза благо се намалени. Во 2021 година тие изнесувале 23.776 хектари, а лани биле 23.425 хектари. За споредба во 2018 година површините под лозја биле 24.088 хектари. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/jcomp

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

СЕ СНАОЃААТ КОЈ КАКО ЗНАЕ И УМЕЕ: Производителите брзаат да ги продадат јапонските јаболка

СЕ СНАОЃААТ КОЈ КАКО ЗНАЕ И УМЕЕ: Производителите брзаат да ги продадат јапонските јаболка