23 Ноември, 2024
0.0271

СЕ РОДИ ЕДНО ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БЕБИЊА НА СИТЕ ВРЕМИЊА: Бебето тежи 7,3 килограми

Објавено во: Општо 22 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Едно од најголемите бебиња било родено во Бразил на 18 јануари – тешко 7,3 килограми и високо 59 сантиметри! Клеидијане Сантос дос Сантос го родила синот Андерсон со царски рез во болница во Паринтис во бразилската држава Амазонас.

Оваа 27-годишна Бразилка отишла во болница на рутински преглед и консултации, но лекарите сфатиле дека бебето е преголемо за да чека редовен термин за породување.

Бебето моментално е во инкубатор и е во стабилна состојба, а и мајката се чувствува добро.

„Не очекував вакво изненадување, мислев дека ќе тежи околу четири килограми, но испадна повеќе од седум. Сакам да му се заблагодарам на тимот во болницата, тие добро се грижат за мене и ми даваат поддршка. Да не беа тие, не знам што ќе се случеше со мене“, вели Клеидијане, која го има ова петто дете.

Андерсон е новото најголемо бебе во државата Амазонас, а за малку ќе го срушеше националниот рекорд кој беше поставен во 2005 година кога се роди момчето Адемилтон тешко 8 килограми.

Во болницата во која е родено бебето моментално собираат средства за нова облека за новороденчето, со оглед на тоа што не му прилега бебешката облека и ситниците кои ги подготвиле родителите. Болницата бара облека и пелени за деца на возраст од девет до 12 месеци.

Инаку, најголемото бебе било родено било девојчето Ана Бејтс, родено во Италија во 1955 година – тежело 10,2 килограми!


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.