19 Декември, 2025
0.0364

Се рушат рекорди на Вол Стрит-„Dow Jones“ надмина 14 300 поени!

Објавено во: Свет 06 Март, 2013 18:43

Добивај вести на Viber

Главните американски индекси не успеаја да формираат заеднички тренд од почетокот на денешнoто тргување, иако податоци за вработувањето во приватниот сектор во САД се подобри од очекуваните, соопшти „CNBC“. „Dow Jones“ напредува со 0,18% до 14 279,66 поени, а кратко се задржа дури и над 14 300 поени - нова највисока вредност на индексот по вчерашниот рекорд од 2007 година. Акциите на „Bank of America“, поскапеа за 2,3% до 11,82 долари, а оние на „Hewlett-Packard“ ја зголемија вредноста за 2,95% до 20,97 долари. Пазарната капитализација на „Microsoft“ сепак се намалува за 1,3% до 27,97 долари за акција, откако Европската унија го казни софтверскиот гигант со 561 милиони евра за прекршување на ветувањето дека ќе понуди на корисниците на персонални компјутери избор на различни пребарувачи за интернет кога го инсталираат оперативниот систем Windows. Индексот „Standard & Poor's“ 500 порасна за минимални 0,01% до 1 539,96 поени. Акциите на „Big Lots“ пораснаа за 5,8% до 35,85 долари, откако кварталните резултати на синџирот продавници ги поминаа очекувањата на аналитичарите. Пазарната капитализација на „Staples“ сепак се намали за 6,1% до 12,48 долари за акција, откако давателот на канцелариски материјали најави пониски од проектираните квартални приходи поради слабоста на пазарот во Европа и Северна Америка.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела