СЕ СКЛОПУВААТ КОЦКИТЕ ЗА НЕСРЕЌАТА: Пронајдени два големи делови од авионот на „Ер Азија“
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2015 11:35
Спасувачките тимови пронашле два големи дела на малезискиот авион „Ер Азија“ кој со 162 патници и членови на екипажот минатиот викенд се урна во Јаванското море, соопштиле индонезиски претставници.
Два објекти се пронајдени малку пред полноќ во петокот на околу 30 метри под водата и спасувачката служба се обидува да направи нивни фотографии користејќи подводни возила на далечинско управување, соопштено е на конференцијата за новинари , пренесува Ројтерс.
Првиот предмет е со димензии 9,4 по 4,8 по 0,4 метри, а другиот 7,2 по 0,5 метри рекол тој.
Исто така е додадено дека управувањето со подводни возила е проблематично поради големите бранови, но дека нуркачите се подготвуваат во потрагата.
Веста за откирените делови на авионот доаѓаат во момент кога индонезиското министерство за сообраќај соопштило дека авионот немал одобрение за лет и дека компанијата „Ер Азија“ до завршувањето на истрагата има суспендирани дозволи за летови од Сурабаја до Сингапур.
Во соопштението на портпаролот на министерството се наведува и дека „Ер Азија“ немала дозвола да лета на линијата Сурабаја до Сингапур во неделата, кога се случи несреќата, и да не барала измена на редот за летање.
Спасувачките тимови досега извлекоа 30 тела на настрадани од авионот „ербас A320-200“ кој се урнал во неделата во текот на бура, а како што рекол портпаролот, главната цел на истрагата е пронаоѓање и извлекување на жртвите.
Русија пратила над дестици нуркаќи, како и два авиони, додека француски и сингапурски истражувачи помагаат во пронаоѓање на црните кутии.
Меѓу државите кои учествуваат во спасувачките операции се и САД , Австралија, Јужна Кореја и Малезија.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




