16 Јули, 2024
0.0375

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

ЈП Комунална хигиена-Скопје ја информира јавноста дека на територијата на Град Скопје вклучително и општина Центар комуналниот отпад се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје.

Редовно се врши според Планот за одржување на јавна чистота рачно и машинско метење и машинско миење на улиците. Како и во текот на целата година и овој период од годината поради високите температури се врши и миење на контејнерите и микролокациите на кои се поставени.

Апелираме до граѓаните одложувањето на комуналниот отпад да се врши соодветно – во контејнерите, а не до и околу нив со што ќе влијаеме на заштита на животната средина и ќе се избегне создавање на сметишта и диви депонии до контејнерите

Екипите на Претпријатието се исто така активни и преку спроведување вонредни активности во оваа скопска општина со собирање на неправилно одложениот кабаст отпад, каде што за изминатиот викенд е интервенирано на улиците Аминта трети , Средно Водно и  ул. „164„ од која се собрани 15м3 различен отпад.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до несовесните граѓани  да го почитуваат Законот за животна средина и да не го одложуваат отпадот  на јавни површини туку да го одложуваат во садовите за таа намена , а кабастиот отпад  бесплатно може да го однесат во Центарот за селекција на отпад во општина Карпош или за соодветен надомест да  ги повикаат службите на Претпријатието кои ќе го подигнат и одложат соодветно.

Го повикуваме и споменатиот градоначалник на општинаЦентар да ги активира на терен инспекциските служби при општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.

Можеби ќе ве интересира

„СРЕЌЕН 18 РОДЕНДЕН ИВО“: Филипче му го честитате роденденот на неговиот син

„СРЕЌЕН 18 РОДЕНДЕН ИВО“: Филипче му го честитате роденденот на неговиот син

„КАКО Е МОЖНО ЗА ПОМОШНИК МИНИСТЕР ВО МВР ДА Е ПОСТАВЕНО ЛИЦЕ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА?“: Петровска со повеќе прашања

„КАКО Е МОЖНО ЗА ПОМОШНИК МИНИСТЕР ВО МВР ДА Е ПОСТАВЕНО ЛИЦЕ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА?“: Петровска со повеќе прашања

ТАРАВАРИ И МЕМЕДИ ЗА ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ: „Родителите и медицинската сестра си подале рака на помирување“

ТАРАВАРИ И МЕМЕДИ ЗА ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ: „Родителите и медицинската сестра си подале рака на помирување“

Обвинение за петмина наркодилери од Грчец, двајца биле задолжени за убивање

Обвинение за петмина наркодилери од Грчец, двајца биле задолжени за убивање

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите

„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

РЕЗУЛТАТИ ОД МАМОГРАФИЈА СЕ ЧЕКААТ СО МЕСЕЦИ, НЕМА РАДИОЛОЗИ ДА ГИ ПРОЧИТААТ: Пациентките од Велес се жалат

РЕЗУЛТАТИ ОД МАМОГРАФИЈА СЕ ЧЕКААТ СО МЕСЕЦИ, НЕМА РАДИОЛОЗИ ДА ГИ ПРОЧИТААТ: Пациентките од Велес се жалат

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ СКОРО 8 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: еве колку пари смеете да изнесете надвор од земјaта

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ СКОРО 8 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: еве колку пари смеете да изнесете надвор од земјaта