СЕ СТРАВУВА ЗА ПОВЕЌЕ ЖРТВИ: Силен земјотрес погоди две држави
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2018 16:29
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени, ги погоди Пакистан и Авганистан, при што загина едно девојче, а пет лица се повредени.
Тие се повредени откако се урнале покривите на повеќе куќи во село во пакистанската провинција Балучистан, потврди локалниот официјален претставник, Изат Назир.
Епицентарот на земјотресот бил регистриран во североисточниот дел на Авганистан, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од 191,2 километар.
Властите сè уште ја проценуваат штетата во Балучистан. На локалните телевизиски станици беа објавени снимки од тоа како Пакистанците ги напуштаат своите работни места, домови и училишта.
Земјотресот се почувствувал и во главните градови на Авганистан и Пакистан, Кабул и Исламабад. Заега нема извештаи за можна штета или жртви во Авганистан. Потресот бил почувствуван и во Њу Делхи, главниот град на Индија, како и индискиот дел од Кашмир.
Во земјотрес со јачина од 7,6 степени во 2005 година во Пакистан и Кашмир загинаа илјадници луѓе, потсетуваат светските агенции.
Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




