19 Декември, 2025
0.0514

СЕ „ТОПИ“ ПОДДРШКАТА ЗА ТРАМП: Паѓа рејтингот на американскиот претседател

Објавено во: Свет 27 Април, 2025 19:08

Добивај вести на Viber

Значителено намалување има на рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп во првите сто дена. 

Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета на Си-ен-ен (CNN). Само 41 отсто од Американците го одобруваат начинот на кој Трамп владее, што е најниска поддршка во изминатите 70 години од мандатот на претседателот Двајт Ајзенхауер. Додека 22 проценти од испитаниците изјавиле дека се убедени дека Трамп работи исправно, што е најнизок забележан процент досега, а 45 отсто се изјасниле дека не го поддржуваат. Поддршката за Трамп од март наваму е намалена за четири отсто, а во однос на февруари падот изнесува седум проценти. Трамп бележи значителен пад на рејтингот кај жените и Јужноамериканците. Анкетата покажува поделеност по партиска припадност. Дури 86 отсто од републиканците го поддржуваат Трамп, а 93 проценти од демократите не се задоволни од неговата работа. Поддршката кај независните гласачи изнесува 31 отсто, што е најниско ниво како и во првиот мандат.

Според анкетата, јавната доверба во способноста на Трамп да се справува со најгорливите прашања исто така опаѓа. Само 39 проценти од испитаниците изјавиле дека се задоволни од тоа како Трамп се справува со економијата, што е пад од пет отсто во споредба со март. Довербата во неговото справување со инфлацијата е намалена за девет проценти на 35 отсто, исто како и поддршката за царинските мерки.

Само околу 52 отсто од испитаниците изразуваат доверба во неговото раководење со економијата, што е намалување за 13 проценти во споредба со декемвриската анкета на Си-ен-ен. 

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела