СЕ ТРЕСЕ БЕРЗАТА: Царините на Трамп предизвикаа силен „земјотрес“

Објавено во: Економија 09 Април, 2025 10:59
Во согласност со одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска стапи на сила нов сет царини кои погодуваат околу 60 земји, со посебен фокус на Кина.
Овие мерки предизвикаа сериозни потреси на глобалните финансиски пазари, при што цените на акциите нагло паднаа низ Азија, а Волстрит падна на најниско ниво во една година.
На азиските берзи, индексот МСЦИ на азиско-пацифичките акции утрово беше во минус за речиси 2 отсто. Јапонскиот индекс Никеи падна за повеќе од 4 отсто, додека индексите во Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 1,6 и 1,9 процент. Иако кинеските берзи во Шангај забележаа благ пораст, инвеститорите беа јасно потресени од воведувањето дополнителни царини.
Пазарните немири се проширија во Европа и САД. Фјучерс индексите во Европа и на Волстрит влегоа во црвената зона, при што фјучерсите на ЕуроСтокс 50 паднаа над 3,5 отсто, додека Насдаг и С&П 500 забележаа пад од над 1,5 отсто.
На Волстрит сите главни индекси забележаа пад. Индексот S&P 500 падна за 1,57 отсто, спуштајќи се на најниското ниво од април минатата година, додека Насдаг загуби 2,15, а Даун Џонс 0,84 отсто. С&П 500 сега е 19 отсто под највисокото рекордно ниво во февруари. Од минатата среда, кога Трамп најави дополнителни царини, овој индекс загуби повеќе од 12 проценти, што претставува загуба на пазарната вредност на компаниите и банките од околу 5.800 милијарди долари.
Во меѓувреме, кинеската централна банка дозволи јуанот да падне на најниско ниво од септември 2023 година, што Трамп го искористи за да го обвини Пекинг за валутна манипулација. И покрај тоа, тој изрази уверување дека Кина на крајот ќе побара договор.
Негативно реагираа и нафтените пазари - цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар падна за 4,14 отсто, на 60,25 долари, додека пад од 4,55 отсто е забележан на американскиот пазар, на 56,90 долари.
И додека американските и азиските берзи се во пад, европските берзи вчера забележаа силен раст - инвеститорите се надеваат дека преговорите меѓу САД и Европската унија за царините може да донесат позитивен исход. Лондонски ФТСЕ порасна за 2,71 отсто, Франкфуртски ДАКС 2,48 отсто, а париски ЦАЦ 2,50 проценти.
Можеби ќе ве интересира
НА 1 МАЈ ЌЕ ИМА ПРОТЕСТ: ССМ не се откажува од барањето за минимална плата од 500 евра

ЌЕ БАРААТ СУДОТ ВЕДНАШ ДА ГИ БЛОКИРА СИТЕ ЦАРИНИ: Калифорнија ќе го тужи Трамп

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЛАТНИ ПРАЧКИ И МОНЕТИ: Ова доживува бум и во земја од регионот

ХРВАТСКА БАРА РАБОТНИЦИ: За некои професии платите стигнуваат и до 3.000 евра

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: Романија е во најлоша состојба, но во една земја таа е под 1 отсто

АКО МИСЛЕВТЕ ДЕКА ЌЕ КУПИТЕ ВО ЕВРОПА И БЕЗБЕДНО Е, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА: Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа

По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

ДАЛИ КИНА ГИ ДРЖИ КЛУЧНИТЕ КАРТИ ВО КОНФЛИКТОТ СО ТАРИФИТЕ - експертите тврдат „Пекинг има џокер во ракавот“

ДАЛИ ЗАКЕРБЕРГ БИ МОЖЕЛ ДА ГИ ИЗГУБИ INSTAGRAM И WHATSAPP - подигнат судски процес, еве кои се неговите надежи
