Се вработила во Германија иако не го знае јазикот, еве како
Објавено во: Економија 16 Февруари, 2016 18:48
Кристина Пинтар од Хрватска, одлучила да ја испише од училиште својата ќерка и двете да им се придружат на нејзиниот сопруг, кој заминал во Германија барајќи подобар живот.
Таа се соочила со стравот од непознатото и решила да бара работа во Германија и покрај тоа што не го знаела германскиот јазик. Во тоа успеала многу набрзо по нејзиното пристигнување.
Денес работи во месарница и вели дека нема намера да се врати дома, затоа што со таа работа може да си обезбеди подобар живот, отколу како земјоделски техничар во Хрватска.
„ Кога бев на интервју не знаев ниту збор на германски јазик, па морав да зборувам на англиски јазик. Тогаш газдарицата ми рече дека тоа не е пресудно, туку дека важна е мојата посветеност и трудољубивост, а со текот на времето брзо ќе ги учам и германските зборови.” - раскажува Пинтар.
Таа вели дека сега работи 50 часа неделно, а за тоа работува 450 евра.
“По еден месец добив унапредување, иако знаев само основни германски фрази. Но, тука трудот се цени, па затоа немам проблеми” – раскажува Пинтар која вели дека нема намера да се врати во својата држава.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




